Па реално, маскарите и пудрите им се крш. И дел од тушевите за очи. Другото мене ми е сосема пристојно. Инаку, провери дали ги имаат во Космо, имаат од нивните производи. Голден Роуз не знам дали држат нивна козметика. Ги има и на Бит Пазар, на тезгите со козметика, а ништо чудно и да се поевтини таму. Моите се земени од Жито - кога како начекам, веднаш си купувам.
Девојки во врска со новите мат кармини на Голден роуз во вид на моливче, потполно се исти со кармините Велвет мат http://www.makeuparena.com/2015/08/golden-rose-matte-lipstick-crayon-vs.html Добро е што јас зедов различни нијанси од оние што ги имам од Велветот Ги зедов бр 3 што е дупликат на Велвет 29 и 14 што е дупликат на Велвет 1. Во однос на текстурата некако се помеки кога се нанесуваат на уста и попрецизни. Велветот повеќе ми ја сушат устата. Пигментацијата му е одлична со едно нанесување се покри цела уста. Уште трајноста ја немам испробано зошто ги немам носено подолго време Девојките кои повеќе префериират моливчиња можеби ќе му се допаднат повеќе зошто се попрактични, но јас пре би си купила кармин кога веќе нијансите му се потполно исти. За оние со одреден буџет карминот ќе им трае подолг временски период, додека со моливчињава има многу малку продукт и одма би се потрошиле.
Кога сме веќе кај кармините јас претежно користам кармин во кожа неутрална боја, баш ми е фин за секаква пригода и добро ми стои според тенот, последен пат го зедов карминот на голден и сум баш задоволна бидејки не бледее и не се бриши баш лесно повеќе доаѓа на мат кармин што одлично се уклопува со секаков оутфит и тен на кожа, изгледа природно и ненападно а сепак зрачи убаво и пристојно.
@vitamina Па оваа колекција е мат.Еве и моливчиња излегле.Инаку јас имам еден ама ми го изгуби братучедка ми низ дома којзнае каде е.
@Winter Lady 130 ден. Еве од кога го пишав коментарот го ставив темниот кармин да го пробам и низ дома се шетав со него и јадев и пиев и кога се видов стоеа само линиите покрај устата друго се беше избришано. Што значи трајност би имале само ако не мрдаме со усниве
@Nausicaa Пρеубави се κаρмините од Оρифлејм јас го имам оддамна Пинκ Κоρал еве слиκа не ми е добρа слиκата но κаρминот во живо е уау.Κој го поρача ти ? Имај на ум деκа во живо се мн потемни ама мн.се добρи .Има една мн.убава нијанса не знам κоја беше утρе κе ти пишам.
@Winter Lady, преубава е бојата!!! Јас се мислам меѓу Vintage Nude, Vintage Rose и Soft Caramel ама ќе мора се одлучам за еден
Ima dva vida na mat od Aura. Ednite se bas karmini, vo stik ,a drugite kako sjaj, no mat se i se mnogu dobri. Inaku gi ima skoro sekade. Vo DM, Vo Zegin apteki... Karminite se po 300 i nesto ,a sjajot mat e okolu 280-290 , a vo Zegin se poeftini za 40-50 den.
Zavisi sto boja na garderoba nosam.Najcesto crven ili praska ... plava sum i preubavo mi stojat ovie boi
Па мене најмногу ми се допаѓа Винтиџ Роуз , а и Нуде не е лоша некако се навлечувам на тие нијанси.Она Софт Карамел е светкав изгледа.Сега ке ставам слика од карминот како стои да излезам.Имај предвид дека во живо се мн понијансирани и поубави.
Денес бев во Голден Роуз на Рекорд и дефинитивно ги нема сите нијанси. Јас пробав само неколку и не ми се допаднаа. 01 и 02 ми се фаворити, меѓутоа сакав да те прашам како си задоволна од нив?
Јас го купив течниот мат кармин од Аура во нијансата 626 и првиот впечаток кога го нанесов на усни ми беше благо речено ужасен - изгледав како излезена од хорор филм со крвави усни. Нормално, карминот се исуши и потоа изгледаше прекрасно, иако имам чувство дека чекав со „крвави“ усни многу долго додека конечно да се фиксира и да смени изглед. Нијансата е баш есенска, многу ми се допаѓа и како изгледа и како ми стои.
Хахаха јас го пробав тој сабајле и кога го отворив и викам на продавачката зашто се течни а не се густи?? Ама после изгледаше ваууу и дома си пијам вода нема трага. Но, си купив друга нијанса. Мислам дека есен и зима ќе бидеме dark.