Има на интернет каде може да ги разгледам нијансите на течните мат кармини на Аура? @Mishela Мислам дека ти можеш да ми помогнеш
@YoungandBeautiful, види тука http://www.enovosti.ba/aura-absolute-matte-ruzevi-za-usne-sve-nijanse/553997 и тука се новите нијанси. http://goodmorninggorgeouss.blogspot.mk/2015/08/13-novih-nijansi-aura-absolute-matte.html#more
@Mama25, види дали ќе ти се допадне #2, Frambourjoise течниот кармин од Rouge Edition Velvet на Bourjois. Не изгледа толку суво и мат како сликата постирана погоре, но нијансата е многу слична, кај мене изгледа речиси исто како од сликата, без тој засилен мат ефект, но лесно може да се трансформира и во таков со малку безбојна пудра во прав.
Си купував вчера моливче од Есенс и случајно ги видов мат кармините на Дон Жуан во парфимеријата.Бојата што ја видов-љубов на прв поглед Бр.312 , 140 ден. *Сликите се од моб.затоа не се баш јасни. Вака некако изгледа
Дон Жуан јас денес на тестер пробав 3 нијанси едната дома ја триев со сапун да излезе убаво мислам дека беше 323 мн.ми се допадна и една светла лилава нз кој број беше.
Јас сум бринета со кафеаво зелени очи и светол тен (но моментално фарбана сум црвена) и ставам црвени и темно црвени кармини, виолетови, месо боја и сите тие добро ми стојат, не ми стојат розови или портокалови па на сите бринети им препорачувам да ги изберат и пробаат тие нијанси ако веќе ги немаат порбано.
Кармините на Дон Жуан искрено не би ви ги препорачала, досега имам 2 купено и се ОДВРАТНИ, многу се суви и тоа се познава на уста, а кога ги пробував на рака во парфимерија ми изгледаа преубаво..
Девојки, може да ми препорачате кармин со слична нијанса? Може и потемна боја, единствено важно ми е само да не е мат
Дали некоја од вас ги има пробано овие кармини? Првпат слушам за брендов, а вчера беа на попуст во Космо кој продолжува до 13.09 и се со неодолива цена: Wild and Crazy кармин = 69ден. Wild and Crazy сјај за усни = 69ден. Wild and Crazy молив за оли = 49ден. Ако имате некакво искуство, споделете, иако не верувам дека ќе ja испуштам оваа прилика и ќе си купам еден или два кармина
Досадна јас веќе станав во темава...ама ми треба помош. Значи вака ми треба боја на кармин за секој дневна употреба за до факултет,прошетка... ама проблемот е во тоа што сум премногу бела. Значи имам бел порцелански тен што мислам дека друга боја на кармин односно нијасни на бордо и други ептен темни кармини,нешто посветло мислам дека не ми стои. Пробав тоа што е 03 мислам беше нијасната на Голден роуз мат кармините,ама изгледав ужасно... Ако може совет каква боја на кармин да барам би ви била ептен благодарна...
Предлози од мене: Essence - 09 Wear Berries, Essence - 07 Natural Beauty и Essence - 06 Barely There. Фини розе-беж неутрални нијанси.