Фала многу на одговорите. Прашањето беше за новодогишната нок, бидејки преовладуваше кафената боја..носев розев кармин, 2 нијанси потемен од усните, нежен, бидејки очите ми беа тие што преовладуваа
Што мислите феминки ако се носи скроз црн фустан со малу спортски стил и црни чизми дали е добра комбинација да ставам темно црвен кармин, винова боја, или за ваков стил усните треба да се неутрални, а очите истакнати??
Според мене,подобро,истакнати очи. Но и некоја темноцрвенкаста нијанса (не многу силна) туку бледа нема да биде лоша.
Дечки, одамна барам убава нијанса на кармин во вишна боја. Онака, баш сочна богата вишна нијанса - ниту црвена, ниту темноцрвена. Голден Роуз имаат такви нијанси, или Гош ? Било какви предлози би ми биле од корист, а цената и не ми е толку битна (си собрав пари, ми е гајле сега), добро, само да не е астрономска.
Најчесто користам нежни кафеави карминчиња а ретко користам и црвен кармин но само кога сум облечена во црно и само за навечер и се разбира кога е црвен карминот ги нагласувам очите само со црн туш затоа што усните се тогаш во преден план. Исто користам и виолетови нијанси чат-пат!
имам бел тен,светли очи па така да ми стојат сите нијанси(испробано) за преку ден користам сјај од Нивеа(розевиот), Макс Фактор розев се случува кафеаво-златест понекогаш, или ептен темно кафеав(ретко) а за посебни прилики и понекогаш за излегување црвен кармин буржуа
На црнокосите им одговара црвен кармин. На бринетите црвена роза, црвено вино или цреша. На русокосите кармините кои се во иста боја како вашите усни. На црвенокосите за погламурозен изглед, одлични се кармините со златен сјај. Избегнувајте розови кармини. Кармините во темни бои како виолетова може да направат да изгледате премногу нападно, па не се препорачуваат. Спојлер Инспирирано http://www.femina.mk/убавина-и-мода/шминка/шминка-според-бојата-на-косата
Си најдов мноогу убава розе нијанса во најновиот каталог на Орифлејм и во план сум да го порачам карминот, мноогу ми се допаѓа нијансата.
Моментално користам кармин на Римел овој вид,и сум задоволна и траен е и хидратантен нијансата е мислам како втората од десно,месо боја
Женски знаете ли каде да си најдам ваква боја на кармин...го пребарав цел град и никаде не најдов...само не некои по 200-300 ден,бидејќи нема да го користам често.