Бев баш пред некој ден во ГР, и заборавив да прашам. Мислам дека не се уште стигнати. Ако знае некој нека пише да се пуштиме во акција
Фала ви, женски. Да, @molikaMk, баш затоа и го сакам. Отсекогаш велев дека кога 14-ка би бил малце потемен би ми станал најомилена нијанса на кармин. Со душа чекам да го земам овој.
Според мене сменета е, баш во исто време купив 2 , едното беше од старите опаковки,другото од новите.Овие новите не ми се допаѓаат како старите по структура, стварно не се ронат толку и полесно се острат, ама џабе кога ми се некако претврди за мој вкус, сеуште можат да поминат и би купила повторно, ама старата структура 1000 пати повеќе ми се допаѓаше. Неодамна пробав на Импала и сум препријатно изненадена ! Толку се меки,а убаво се острат, прекрасна структура,воопшто не ми ја сушат устата.И убаво се пигментирани.Од оваа гледна точка, со сменетата формула на Есенс, овие многу повеќе ми се допаѓаат.Цената не знам по парфимерии колку им е, јас ги купив од таа карши полицијата, после Бит пазар и на големо што продаваат и беа 80 денари.
Приметив и јас дека е сменета некако потврди се. Овие старите беа меки и убаво се нанесуваа. Ќе побарам од Импала да пробам затоа што сакам моливчиња со мека структура. @LaraSolare
Потврдувам за моливчињата на есенс,пред некој ден ја земав 6 од Дм дефинитивно има разлика,им ја зголемивме продажбата треба да се подобрат не да не разочаруваат