Дали знаете каде може да најдам Seventeen кармини, а да не е Космо? Од 40 бројчиња немаат ни половина.
Фала ти Бубаче на одговорот, го имам разгледувано 20 низ нет од слики и видеа, убав е ама е црвен, а јас сакам темно розев.
Мислам дека само каталошки оди продажбата, како Avon и Oriflame. Сликава ја видов случајно на Facebook и само ја споделив овде
Да ги има како каталозите на Орифлејм, и Авон, само многу ретко некој да е зачленет во Фармаси.Има убави работ, ама и малку е глупав каталогот.Еве ви http://www.farmasi.mk/
Здравоо, карминов кај можам да го најдам (дали во посебни парфимерии или на кое било друго место со козметика) и цена ?
Ако си од Скопје го имаш во продавниците на Голден Роуз, можеш да ги најдеш и по некои парфимерии како и на тезгите по пазарите. Цената е 140 ден.
Ќе прашам тука мислам дека сепак е соодветна тема (а и разработена, полесно ќе ме прочитате ), вака, го земав моливчето на есенс satin mauve, ама ич не ми е исто како претходното некако е суво дури и бојата е многу подруга. Некој имаше спомнато дека иста таква (или слична) нијанса имало од Импала или Голден роуз, не сум сигурна, па ако знаете кое е поточно и што бројче да барам...?
Мене искрено, од машка гледна точка, црн и темен кармин ми се одбивни. Повеќе сакам девојки со црвен или розев кармин.
Здраво, си купив неколку моливчиња од голден роуз ама имам еден огромен проблем многу ми ја сушат устата дури осеќам како да ми пука. некоја да не има сличен проблем?
Па толку квалитет имаат тие кармини. Доколку сакаш хидрација и убава боја купувај нешто поквалитетно, не се разбирам до толку со кармини но феминките нека ти препорачаат некои добри. Инаку да не сум оф-топик. Сакам да си купам мат кафеав-нуд нијанса кармин од голден роуз, може да ми препорачате бројче?
Јас кармините од Севентин ги купувам Струга, а Скопје ги има на овие продажни места: Скопје Cosmo (City mall, Зебра, ГТЦ, Cosmo 2, Cosmo – Раде Кончар) Elixir Аптеки Еурофарм (Рамстор) Аптеки Зегин Веро Џамбо Парфимерии ВИ ДИ (Автокоманда и Драчево) Парфимерија Рима (ТЦ Бисер) Парфимерија Ноневски (ТЦ Бисер) Парфимерија Габи (Тафталиџе) Парфимерија Стефани (Ѓорче Петров) Парфимерија Симона (Бутел)
Зa дa не ви пукa устaтa oд сувите кaрмини/мoливи претхoднo ќе си стaвите лaбелo нa устaтa пa пoтoa мaт кaрмини, мене секoгaш ми се суши устaтa aкo не нaнесaм лaбелo oд билo кoј мoлив/кaрмин