@smailing Искрено јас сум задоволна и од голден роуз кармините траат доста долго време пигментирани се не се бришат за кратко време. Исто така и од дон жуан тие се малку посуви од голден роуз и малку потешко се нанесуваат ама многу се пигментирани и доста траат, јади пиј не се бришат нема да згрешиш добар избор се
Дали во Рима парфимерија се' уште има Дон Жуан кармини? Гледам на нет дека имаат добар избор на нијанси, а не знам каде да ги најдам во Скопје.
Дон Жуан ги има и во City Mall, на некое штандче на приземје беа, можно е да беше на Хемел, штом ги имало таму и во Веро. Мислам дека беа 130 денари. Знае некој колку им е цената на Бит пазар? Патем, не знаев дека и Малена имале мат кармини. Дали се работи за Colorfast (слика во спојлер)? Спојлер Дали некој ги пробал, трајни се? Ги видов на нивната страна, има убави нијанси, а претпоставувам дека и цената им е прифатлива. Прилично сум задоволна од козметиката на Малена, моливчињата за уста, очи и лаковите им се одлични за цената, па би им дала шанса и на карминчињава
Update: Не ми се допаднаа кармините на Есенс , сакам нешто поматирано, баш како моливчето. @Sky-butterfly, дали карминот на Flormar е мат? Не можам да најдам swatch низ Интернет за да си споредам.
Mishela , друг предлог на Лореал овој горе но и тој незнам колку е пигментиран и овој на Ревлон (тој во средината) само се надевам дека го има во Космо
Е, вака веќе може. Без блиц сигурно е дури и малку позагасит. Ај ќе го ѕирнам утре, само кажи ми те молам, дали се сеќаваш колку го купи и не те малтретирам повеќе.
Да, малку позагасит е. Ама не се сеќавам воопшто колку го платив, го имам веќе година дена најмалку. Дури ниту отприлика не знам, да не те лажам.
Update: Не го купив ниту тој кармин, затоа што си најдов многу слична нијанса во несесер, па ми текна дека тогаш не ми се допаѓаше карминот и затоа сум го забаталила, но ете - people change. Станува збор за Golden Rose 2000, бр. 142. Минимално посветол од моливчето, но супер изгледа во комбинација со него.