Слична нијанса и текстура на L'Oreal Endless кармините? Не можам да прежалам што линијата е дисконтинуирана, самата текстура на кармините беше фантастична, а и изборот на нијанси - бескраен. Дали знаете слична нијанса како L'Oreal Endless Real Rasin #720, односно Знам дека на сите слики погоре нијансата изгледа различно, осветлувањето е прилично лошо. Нијансата се движи меѓу кремаста nude нијанса со примеси од керамидесто црвена и благ виолетов/розев подтон. Можеби најблиската нијанса би била оваа Но не сум сигурна дека ги има овие кармини кај нас. Ваш предлог?
Wet n wild Spiked with rum, можеби нешто вака? Ги нема во Мк , но ако сакаш да порачаш ќе ти пратам линк , воопшто не се скапи карминиве по 5 евра се на ибеј
Не ми се допаѓа бидејќи има сјаен финиш, би сакала да најдам кармин со кремаста текстура, кој може да се доведе и до мат финиш. Сепак ти благодарам @koritsaki, ќе продолжам да барам, нијансата е прекрасна. Не можам да го прежалам карминот.
Не е воопшто сјаен финишот , овие кармини се баш мат незнам зашто на сликава така се познава, имам 10тина од нив и за да не ми ги сушат усните морам да ставам и лабело под карминот. Сепак ок ако најдам некој друг ќе ти пишам
Направив рецензија на карминиве плус слики од неколку нијанси http://rosee96.blogspot.se/2016/02/me-now-kissproof-1-lipsticks-review.html
@glosipgirl Ќе има вакви нијанси од новите Голден роуз мат кармини , провери по продавниците на ГР се надевам ги донеле
Мене двојката исто ми испаѓа, скроз. Ама, приметив дека многу зависи од природната боја на устата, пример кога јас ставам ми излегува апла исто како на сликичката која ја имаш прикачено, на мајка ми излегува подруго, некако посветло, ама она има малку потемен пигмент од мојот. Јас сум светла... Најдобро пробај си тестерче и ќе си видиш како ќе ти одговара
Бр. 10 и бр. 3 само провери дали ги има по продавниците зашто е нов производ јас утре ќе проверам дали стасаа во мојов град
Сите ги сакам Срцето ми стана како на врапче кога ги видов оти омилени ми се ваквите кармини, а нијансите мајко мила, иди па одбери Изгледа нè читаат овие од голден роуз, друго објаснување немам