Јас вчера прашав овде ама се уште ги немаше во продавницата ми рекоа дека ги порачале па кај и да е треба да стигнат , а цена кај нас во Гр ќе бидат 5 евра во Мк сигурно ќе се поевтини
Моите кармини од Авон никако да стасат Туку сакав да прашам има некој користено вакви кармини? Сакам да си порачам од Алиекспрес http://www.aliexpress.com/item/Wate...-1&btsid=69149495-6d30-47af-a73c-c7f686b466a5
@Umbrella22 прочитај ги рецензиите на @Artemission наназад во оваа тема има пишувано за нив. Инаку Артемишн овде ја продолжив дискусијата да не ја полниме таму темата со офтопици.Сакав да те прашам нешто што се однесува на течните кармини.Јас единствените течни мат кои сум ги користела ми се од NYX и воопшто не сум фан, многу се сушат,се собираат во грутчиња и после некое време за никаде изгледа.Сега ова е индивидуално зошто имам другарка на која и се многу долготрајни и погодени,мене ми се просечни во трајност и лошо ми прилега структурата затоа ретко посегам по нив. Имаш ли ти ваков проблем со оние течните на QiBest што ги имаш порачувано?
@LaraSolare NYX суви? Јас имам два и за мене се скоро идеални, баш се што очекувам од мат кармини само што лесно се бришат и не се трајни. На Аура се нешто најслично на нив со тоа што малку се водести. QiBest не се баш слични, текстурата им е баш како сјај за уста, се сушат скроз мат, додека овие на NYX се како пенливи (ако може така да ги наречам). Овие се ептен мааалку лепливи (не е ништо страшно), ако јадеш нема да се избришат али мене тогаш ми стануваат неподносливи. Почнуваат како грутчиња да се прават ако сакаш да се корегираш и за да изгледа пак убаво како од старт јас ги бришам скроз (со лабело) и нанесувам повторно. Искрено мене ова не ми е проблем зошто тоа го правам со било кој кармин. Попигментирани се, но за комоција на устата сепак ги преферирам на NYX повеќе али за цената и изборот на бои немам збор. Исто и со MeNow моливчињата, супер се додека не седнеш да јадеш Кај нив разликата би рекла само дека е тоа што се помалку прецизни во споредба со сјаевиве и имаат малку пластичен мирис. Overall, ниту едни од овие мат сјаевиве/кармините не се надградуваат или корегираат туку си бараат наново апликација и тоа за мене им е единствената мана. Бараат мазна, хидрирана површина и негувани усни инаку ги потенцираат несовршеностите. Боите, финишот, долготрајноста и цената им се сон
Мене воопшто не ми одговара структурата...Јас ги земав бидејќи една колешка во тоа време на работа си носеше се од нив и со часови и стоеја.Со голем ентузијазам купив неколку и мене тотална спротивност ми беа.Да не видов со свои очи дека на неа и убаво и стојат, не и ја пресушуваат устата и со часови издржуваат немаше да верувам дека навистина е така.Можеби е до мене, јас имам пишувано дека ненормално брзо трошам лабела и правам пилинзи на устата ама пак ми се суши...И затоа мислев дека општо ваквите течни а мат кармини можеби не ми одговараат на мене, ама за ваква цена како овие за кои зборуваме, вреди да им дадам уште една шанса
http://www.aliexpress.com/item/12pc...-1&btsid=2e3fbe05-5cc8-4551-bdbf-646124f322da I jas sum vo plan za ovie gledam i na youtube gi koristat i mat se ubavi.. eve ti 12pcs
Погледни ја статијава, девојката има најдено алтернативни нијанси на Lip Kit by Kylie што и нам ни се достапни, а има и видео
Лара едно смотано прашање ама пиеш доволно течности во текот на денот? Јас ако сум излезена и се заборавам обично имам таков проблем и се ми смета на уста. Плус еден совет од бивш зависник на лабела, фрли ги и користи вазелин - оној оригиналниот. Се препородив најискрено!
Артемишн омилен пијалак ми е вода Луѓето околу мене се чудат како можам толку вода да испијам,едноставно зависна сум.Само на фитнес за саат време пијам литар-литар ипол, кога седиме со дечко ми по 3 флашички од 750мл пијам за неколку часа, секогаш имам чаша/флаша вода до менеВазелин не користам заради состојките од кој е направен,кои не се сметаат за добри и корисни Ставам и крем околу очи понекогаш пред да нанесам кармин, по препорака на Марама и нешто подобро ми е од лабело за припремање на усните за мат кармини. Но, едноставно мислам дека е нешто наследно...На мајка ми и покажувам нијансите од МeNow течните и таа ми вели чекај овие зар не ти ја сушат устата, мене за никаде ми ја прават и во тој момент си помислувам ете која ми е мајка ! Како и да е ја порачав 22ката за проба Ефтини се, па да им дадам уште една шанса на течните мат кармини
Малце оф топик, каде во Аеродром има поголем избор на Малена мат течните кармини? Сакам светол некој.
Да пишам збор, два за кармините од Авон @Ginger^ знам дека ти ме замоли да пишам што стасаат. Мене многу ми се допаднаа освен преубавиот мирис боите им се многу нежни, далеку од тоа какви се во каталогот и се без светки. Вчера си ставив на раката и еве денес сеуште имам траг. На устата подолго од 1 час го немам носено, па не можам да кажам за долготрајноста.
@Artemission јас сум зависник од лабела и секогаш кога нанесувам кармин имам проблем, т.е. после извесно време ми се сушат скроз усните и карминот не стои како што треба. Отприлика колку време го користеше вазелинот и осети промени? Јас повремено знам да си ставам вазелин но мн ретко, најчесто сум со лабела.
Не можам да ти кажам точно зошто со години како користам вазелин ама за недела две се осети разлика. Многу битно е и да внесуваш доволно течности во организмот зошто тоа всушност хидрира, а ова е само надворешно. @LaraSolare спомна дека вазелинот имал штетни состојки, па би сакала @Biodevojka да ја замолам ако не и е проблем да сподели нејзино мислење околу составот и да направи споредба со некое стандардно лабело, пример на Nivea или Rosal.
@Artemission погледни го овој пост на Биодевојка,поточно делот со објаснување за нафтените деривати.Направени се од нафтени дерифати.Зависно чие производство се, мајка ми пример, има еден заостанат дома (ја посоветував веќе да не го користи, па за чевли такви работи сме го оставиле)знам дека има течен парафин, а, имам видено и со минерални масла во составот. Ако сака @Biodevojka нека додаде нешто, јас се сетив дека таа зборуваше за ова, па затоа цитирав Спојлер: Нафтени деривати