Сaмo дa кaжaм декa сум ПРЕзaдoвoлнa oд oвие кaрмини нa NYX Liquid suede , пигментирaни се и дoвoлен е еден слoј дa се нaнесе нa усните, единственa негaтивнoст е мaлку штo ми ги суши усните нo aкo стaвите лaбелo некoе пoмрснo не се сoбирaaт. Сите нијaнси им се прекрaсни незнaев кoјa дa oдберaм a земaв две Amethyst и Life's beach
@Rose96 и @Artemission на помош и друг кој го имал Me now Kiss Proof 17 Вчера на излегување си го изгубив За парите не ми е, ама ќе си почекам сега пак уште месец дена... Порачав друго ама ич не ми се чека.Некоја соодветна замена во таква нијанса со мат ефект? Само да не е некој од оние течните мат.Овие на голден роуз кармините како моливчиња имаат ли нешто слично?Или било кој бренд, знам и Don Juan имаат убав мат ефект Rose ти ги користиш може знаеш? Секој предлог е добредојден Еве го овој на Me now, сликата е од Rose , се надевам не пречи
Ваков ист нема шанци да најдеш оваа ми е најпрекрасната мат ладно кафена нијанса. Еден нов од Дон Жуан купив може е нешто слично ќе ти го сликам утре колку за споредба.
@LaraSolare немам ни јас ништо слично од овде да ти препорачам. Можда да го ѕирнеш матот на Авон, Marvellous Mocha, мене многу ми се допаѓа ама тој е по warm toned и е со црвен подтон. Едит: Нијансава знам воопшто не е како кај @Rose96 и е различно ама навечер на вештачко светло лошо изгледа. Како и да е карминот е тој, горе MeNow 17 доле Авон. Туку ме интересира како ги бендиса карминиве? Ти одговараат?
@Rose96 А овие me now каде да ги бараме? Цена? Се надевам дека не се единствено достапни само со порачка преку интернет.
За жал само преку интернет. Имам на блогот линк од ибеј, Лара нека ти каже од алиекспрес од кој селер ги има порачано.
Artemission суви ми се ептен, ама не на начин како течните мат, овие со претходно хидрирани усни супер ми стојат, не ги надоградувам, кога ќе почнат да се прават како грутчиња ги забришувам со салфетка/тоалет и се поминувам пак.Ефектот е прекрасен и се заљубив во нијансата.Со моливчето од rimmel - capuccino се преубава комбинација(имам ставено слика во темата, само што е вистински предизвик да се најде оваа нијанса на rimmel и одамна барам и никако повторно да начекам).Течниов на me now ми се однесува исто како тија на nyx.Може да помине ако не плaнирам да јадам и пијам.И ми е мнооогу посув од овој во вид на пенкалце, се на се не би купила пак течен, а овие во вид на пенкалце kiss proof иако не ми се нешто најпријатно што сум ставила на усните би купила пак,имаат прекрасни нијанси и одлична цена,воедно и си ја порачав пак 17ката. Кога сум веќе тука да кажам дека јас сеуште не сум нашла budget friendly мат пенкалце што не ја пресушува устата и затоа кај kiss proof тоа не го ни очекував.Инаку имам од nars карминче во вид на пенкалце и премногу е траен, еден од потрајните што сум ги имала, ефектот е прекрасен, усните не ги пресушува, не ствара такви грутчиња.Единствена негативност е цената Eве го како изгледа и на усни, инаку кај мене е поинтензивна црвена, отколку кај Худа, но си зависи тоа и од самата пигментација на усните. * Да ги пофалам мат кармините на Мoda кои ги има во онаа нивна парфимерија карши полицијата кај Бит пазар.Има едни по цена од 120 денари и овие за кои конкретно зборувам по цена од 180 денари.Не знам што е разликата, мене сличен ефект ми имаа, јас го земав овој од 180 заради нијансата.Прекрасна кафенкасто виолетова мауве нијанса.Една од поомилените нијанси ми е периодов.Мат ефектот е оној здрав мат ефект без грутки и пресушување.Пријатен е на усните и задоволна сум од трајноста. Бројчето 102 мислам дека е прво или трето одозгора на фотографијата подолу, најдов и една слика на усните како стои, иако пак ке речам кај мене е многу поразлична нијансата поинтензивна и малку потемна, веројатно поради бојата на моите усни.Имаше навистина преубав избор на нијанси и понеутрални и онакви похрабри, се сеќавам дека една специфична појака виолетова нијанса ми се допадна многу, имаат и тестерчиња, сега откако ми се погоди овој би си земала уште некој.Можам слободно да кажам дека ми е најдобар од budget friendly мат кармините кои ги имам. @simoncelicius За жал селерот од кој ги порачав не ги нуди веќе поединечно, минималната порачка е 8парчиња за околу 8 и нешто евра.Штета , и самата морав вчера од друг да ја порачам 17ката.Овој беше супер селер,ми ги испорача уште истиот или наредниот ден, иако пишуваше дека ќе стигне за 39-60 дена , ми стигна точно за 30 дена и ми испратил острилка како подарок.Ако си заинтересирана за поголема порачка ќе ти дадам линк. Се извинувам на долгиот пост, да не пишувам одделно , бидејќи имав неколку работи да кажам на оваа тема, се на едно излезе
Карминиве на Кајли ми се сон. Какви бои има Ама 15 долари за шипинг некако не ми се даваат.. Да не знаете некој сличен нa Mary Jo K? Се мислам дали да нарачам, на два памета сум. А не ми се даваат толку пари некако
Каков е тој блог? Може да добијам линк? Инаку јас ги преферирам кармините на L'oreal и имам порачувано од Авон.
Имам бјути блог еве линк http://rosee96.blogspot.mk/ А овде од постот за кармините http://rosee96.blogspot.mk/2016/02/me-now-kissproof-1-lipsticks-review.html
Ваква боја на мат кармин? Само да не морам да го порачувам од интернет . Спојлер Сликата морав вака, не можеше поинаку да се стави.
@YoungandBeautiful овие ми изгледаат слично, иако на сликата девојката користела два кармини или кармин и молив. http://ruwww.kosmetista.ru/blog/otzivi/70562.html
Во потрага по совршена црвена нијанса, го купив Manhattan x-treme last & shine lipstick бројот е 45 m како на сликата. Во Космо на попуст беше 217 денари. Тражев мат, но оваа нијанса ептен ми се допадна и решив да го купам. Можам да поминам преку тоа што е сјаен, но после некое време ми се растекува по брчките околу усните. Значи буквално во секоја тенка линија имам кармин, што до сега ми се нема случено со ниту еден друг сјаен кармин. Тоа растекување никако не може да се поправи додека сум излезена, а не е причината дека сум испотена, го купив пред месец - два додека уште беше ладно времето. Ако имате некое решение слободно споделете, сите предлози се добредојдени. П.С. На усните изгледа многу поинтензивно.