@Talita каде ги има? Јас ќе ги пробам, не е проблем, само да ги најдам Сигурна си дека се Малена? На интернет ги најдов како Klean Color Madly Matte, таму се по 1$
Не не, Малена се. Јас знам дека ги има во Жито Маркетите. Утре ке одам и јас еден за проба да земам и ќе пишам
@Elence93 http://www.malenacosmetics.com.mk/products/color-fast/ Овие се тие. Не знам зошто на нив не пишува мат, ама сеа другарка ми линков ми го прати и кажа дека се тие
Дечки, многу се добри овие на Малена. Мене Жито ми е пред зграда што се вика и речиси на секое одење завршувам со едно во корпа. Многу се трајни, прекрасно мирисаат и не ми ги сушат усните како мат кармините на Аура. И апликаторот е многу презицен, не е преголем како кај некои кармини од овој тип.
Аха, сега дури се разбравме Имам јас два од тие, 114 и 107 и задоволна сум, за таа цена се супер. Се надевам ќе го начекам 117, ми изгледа како ненападна и секојдневна боја.
@Artemission Ставив после линк од Малена. Прилично исто ми беше паковањето и затоа ги ставив тие и пишав дека се на малена.
каде можам да ги најдам овие кармини во Ск и Велес? поточно оваа нијанса? и какви се другите нијанси може некоја да постави слики?
http://www.goldenrose.com.tr/en/product/234/lips-lipgloss-longstay-liquid-matte-lipstick/1 Еве ти линкче тука ги имаш нијансите Иначе во Скопје можеш во Голден Роус да ги најдиш дали Гтц,Рекорд или карши градежен. Цената е 250 денари
Јас ги пробав овие карминчиња, но разочарана сум. Не од кармините, напротив прекрасни се и во текстура и мирис и прецизен апликатор си имаат, но еве мене не ми стојат, не ми лежат на природниот пигмент на усните па затоа. Еве 10 кај Розе изгледа прекрасно, на мојата уста е скроз сив и неприродно изгледа, освен кога го мешам со друг Ги пробав и 1 и 3 но на мојот тен изгледаа како да сум мачкана со темперна боица и тоа многу светло некако, дречаво дури. Но тоа е, секој кармин на секоја уста не изгледа исто
Да да , и кај мене многу на сиво е. Секогаш со мајка ми се карам кога и да ставам ми вика дека како од срце болна сум била. Па затоа почнав од страните темно розев да ставам и како омбре иди. А само така да го носам нема шанса, ептен сиво ми излага. Иначе денес зедов од Малена карминчињата и многу се убави. 119 зедов. Еве слика и со блиц и без блиц
И јас зедов од оие од Малена,за тие пари гревота е да не пробаш.Ја зедов 117 ,ама на уста некако подречаво розевкасто иди,барем на мојава уста таква нијанса дава,некако корално влече,баш пролетна убава боичка.Мене ми се допаѓа,а и во однос на трајноста се супер,едвај го избришав.Би пробала и други бои,сигурно.
Пак се подновив со Малена карминчињата. Се заљубив во нив. За тоа розевкото баш мислев дека ке изглеа природно некако ама испадна подречаво да е , па го комбинирам со лилјаковото и како омбре ефект добивам.. Можеби подобро ќе беше да го земам 117 наместо 116. Али како и да е следен пат овие две