@Jason123, Essence, Coral Calling, 170 ден во Дм Прекрасен е- лесно се нанесува, траен е, не ги истакнува несовршеностите на усните, хидрира.
Течниве кармини на ГолденРоус се совршени.Купив пред некој ден еден а би сакала сите нијанси да ги имам.Сабајле ставив па до вечерта додека не го избришав имав а јадев и пиев во меѓувреме.Ќе ги пробам од Малена бидејќи се далеку поефтини а читам добри критики за нив.
Мишела јас ти препорачувам да го ѕирнеш на deborah absolute lasting liquid lipstick бр.6 бојата е љубов некоја посебна нијанса која не се споредува со ниедна од нашиве дрогеријски брендови на течни мат кармини. Постојаност предобра како и пигментираност ( би можела да ја споредам со поскапиве брендови) можеш да пролисташ по рецензииве за да не ти е мака за парите пошто е поскапа од Аура,Голден Роуз, Малена итн. ама неспоредливо подобра и затоа цената и е оправдана. Чинам околу 480 ден беше во Космо. Ако си заинтересирана ќе ти пуштам слика да ја видиш нијансата.
Благодарам најдрага @Mama25. Го прочитав постот уште кога ме тагна, ама не можев да вратам дека бев во движење. Aма морам да кажам дека мислењево ми дојде како порачано - веднаш нозете ме однесоа накај Космо. Бев, видов, купив. Карминот е прекрасен, па ако ми се поклопи замислата со расположението на прстите кога ќе се шминкам, ќе споделам. Многу ми се допаѓа како изгледа на усните. Ти благодарам. П.С. За сите заинтересирани ко мене - од поевтините варијанти, најдов нешто слично од Малена, нијансата е 103 и е доста слична со онаа на течниот мат кармин од Bourjois Velvet Rouge Edition - 05, olè flamingo. Толку долго го имам овој од Bourjois, веќе е на самиот крај и баш сакав да пробам нешто ново. Го препорачувам овој течен кармин на Deborah, толку си се допаднав, што уште не сум го симнала од усни. Ќе напишам нешто повеќе наскоро, кога ќе имам повеќе време.
Да се самоцитирам, вчера ја земав од еден маркет 119 нијансата. По долго време конечно најдов како што сакам нијанса. Во кој маркет и да влезам обавезно разгледувам меѓу кармините и сите нијанси се црвени/розеви а такви имам еден куп кармини. Овој беше единствен и знаев дека ќе биде мој. Нијансата ми е погодена многу ми се допаѓа, исто така после јадење, пиење карминот не се брише, не лепи (што ми беше случај со други суви кармини). @Mishela
Имам користено искрено не сум баш задоволна,кога ќе се нанесе по брзо исчезнува,и недај боже да се допре до облека,нема вадење
Во 2жито продавници влегов и немаше мат сјаеви, барем на опаковката не пишуваше дека се мат. Во вториот жито ја прашав таа на каса и ми се испонаша у фазон 'не сум јас внатре, од кај да знам дали се мат'. Па мислев некоја што има купено да ја сликне опаковката ако сака.
Ако ги нема на пазар, тогаш во нивната продавница што се наоѓа спроти полициската станица на Битпазар
Мислам дека го пронајдов dupe-то на Golden Rose Longstay Liquid Matte Lipstick 10. Случајно го видов во Џамбо каде што стои козметиката. 89 денари е и цената е (повеќе од) одлична во споредба со овој на GR. Има малку чуден и јак мирис и потешко се вади. Едит: Бројчето е 2. Еве на светлина каков е: Еве го исушен: