Си го купив прееска по твоја препорака и супер е бојата, скоро иста со тој на ГР...само што многу јак мирис има
@Emotional123 мило ми е што си го купила, со здравје да го изнаносиш. Јас ептен се израдував што убаво ми стои бојата, не личам како мртовец со модри усни. Кога се појави нијансата цел форум полуде по карминот и ептен малку ми фалеше да го купам од GR, наместо да гледам дали мене убаво ќе ми стои.
Рецензија на кармионт од Bourjois http://rosee96.blogspot.mk/2016/06/bourjois-rouge-edition-velvet-review.html
Денеска случајно открив еден феноменален производ, Manhattan Color Splash Liquid Lip Tint. Како што кажува самото име, станува збор за течен кармин кој е ептен долготраен, буквално ја бои устата. Финишот е многу природен, меѓу мат и обичен кармин, без светки и сл., не се ни чувствува на уста, како да ти е устата со таква боја. Трае бесконечно долго, всушност и јас го купив затоа што свочевите што ги направив на рака не се бришеа ни со влажни марамици, ни со течен сапун. Едвај излезе бојата после чистење со мицеларна, туширање, неколку миења со сапун. Купив две нијанси, red tulip и so paris, ама веројатно ќе купам уште некоја. (во Cosmo, 230 ден. на попуст) Еве слики од интернет.
Фала ти. Најдов веќе Golden Rose бр. 67, 120 ден. баш е таква нијанса како што барав за на свадба. А кај ги има овие Don Juan ?
Во Скопje сум ги видела на штандови во Kапитол и Сити Мол на приземje,kaj што продаваат Хемел производи и Сантини парфеми, а и во Веро Jumbo на мегуспратот помегу лифтовите. Многу сум задоволна, квалитетни се кармините и има интересни бои.
Има ли некој кармин од Дон Жуан како Голден Роуз 99? Пошто многу пати ми се случува таму да ми изгледа едно, на светло скрос друго.
На ebay сакав да си нарачам нешто од NYX и случајно налетав на една понуда од 2,51$ за SMLC. Знсев дека тоа ќе биде фејк производ бидејќи беше преефтин и продавачот беше од Хонг Конг, но го порачав за да видам што ќе добијам. Ја порачав нијансата Stockholm, а од Александар Козметикс ја купив Abu Dhabi (420 денари). Еве споредба како изгледаат двата мат кармина: Текстот и пакувањето се поразлични. Апликаторот кај оригиналот е поголем, а мирисот е различен кај двата производа. Еве како изгледаат на кожа. Оригиналот е кремаст, а фејкот има сјаен финиш, повеќе како сјај за усни а не мат кармин. Толку од мојата радозналост кај онлајн купувањето, дефинитивно ќе платам повеќе за да добијам квалитет а не квантитет.
Па сликано е на дневна светлина и успев да ха доловам бојата во живо е можеби за нијанса потемна. Пробај си и на тестер плус на секои усни различно изгледа. Ама текстурата му е предобра пре мека како кадифе.
Го барав јас во две парфимерии за да земам уште еден месо боја ама гп немаше. Охрид го има во Анабела мислам дека се вика парфимеријата.