Го земав овој на Малена во број 112 и не ми се допаѓа бојата не е вака како што изгледа,многу е бледа и не ми стои, а жал ми е да стои така во фиока и земав го помешав со еден кармин на flormar и добив топ боја сигурна сум дека ќе го носам 86 денари од жито маркет го земав
Јас неосамна ги пробав кармините на Yves Rocher, дека природни ми западнаа во очи , и стварно се добри Повеќе ми се допадна тој за хидратизација на усните од билните,а особено ми се допадна карминот во форма на креон. Напишав рецензија за нив, може да ја погледнете тука http://mymakeupbagm.blogspot.mk/2016/08/yves-rocher-lip-products.html
http://headindclouds.blogspot.mk/2016/04/golden-rose-longstay-liquid-matte.html Бројчето е 10, од ск - сити мол го земав беше 200 и нешто денари, не се сеќавам точно.
Морам да пишам една мала рецензија за кармините на Bourjois rouge edition velvet Долго време се мислев да пробам еден од кармините на Буржуа , со мат завршеток , а се мислев за почеток која нијанса да пробам и на крај се одлучив да ги пробам Frambourjoise и Plum plum girl. Вториот го видов на блогот на @Rose96 и секако дека морав да го земам. Текстурата не е ни течна ни густа , се нанесува лесно на усни мене ми е доволен еден слој да нанесам. Пигментираноста е врв , единствено што не ми се допадна е мирисот , мене ми мириса на пластика но среќа се губи брзо. Највеќе се воодушевив од тоа што усните воопшто не ми ги суши , имам пробано многу кармини со мат завршеток како на Аура , Сефора , Голден Росе итн ама сите баш сите ми ги сушат усните колку и да се хидратирани пак на крај ми оставаат линии , па од кога ќе ги извадам карминот усните се лупат. Но со карминиве на Буржуа не е воопшто така , црвенкастито кармин го носев 7 часа јадев и пиев и воопшто не се избриша а и ниту усните ми ги исуши. Ги препорачувам на сите да ги пробате , сега ги меркам nude нијансите. Можеби се поскапи од другите кармини што ги спомнав погоре ( 735 денари се инаку) но навистина вреди да се проба.
Ти благодарам Би сакала да пробам некој од нив, особено ми се допадна една темно циклама нијанса, мислам број 5 беше не сум сигурна,но реков прво да си проверам тука која им е цената и искуства .
Јас вака ги комбинирам. Тенката линија е моливчето, а подебелата е карминот. Само да знаеш дека карминот не е мат, туку glossy lipstick.
Golden Rose Longstay Liquid Matte Lipstick број 10- Навистина трае препрепремногу и отпорен е на бакнежи, јадење, пиење едноставно трае со часеви. цена 245 денари. Мислам дека е ист ос сликата.
Иста ваква нијанса е моливчето со бр. 19, некоја си Davis фирма. Мене ми е навистина одлично, го купив од Бит Пазар.
Не е ни приближен овој со голден роус број 10. И јас барам оддамна ваква нијанса ама не сум нашла уште