Каде можам да најдам темно виолетов и црн кармин? @Elence93 Јас мислам дека имав речиси ист ваков, Airy Fairy се викаше, на Aura. Сигурно бил до 200.
Женски ако го гледавте првата епизода од музичкото талент шоу , сара имаше црвен кармин што светка прубав. нешти слично да ми предложите , од која марка?? значи темно цевен светка некако се рефлектира.
Од Римел има еден најсличен на ова од сликата, под бројче 08, ама никако да го уловам низ некоја од парфимериите. Многу сличен на овој од сликата е и Голден Роуз 99, онаа колекција во црна амбалажа, од старите. Кај мене е ист како од сликата и околу 100 денари е. Кармините на Аура се 300 денари, а Airy Fairy 100% сум сигурна дека бил кармин на Римел. Малку е порозев од ова, ама фина нијанса е и е точно 200 денари.
@Mishela леле јас па мислев на Римел, а Аура сум пишала, дури сега приметив. Инаку да, порозев е вака ама на мене беше баш некоја nude нијанса, зошто и класичниот црвен кармин што на мајка ми на усни и е баш жар црвено, на мене фаќа некои корални нијанси, најверојатно заради тенот на лицето и самата боја на усни. Единствена забелешка ми е што ми ја сушеше устата, со средна трајност беше, ама за парите е супер.
Тој на ГР веќе 2 потрошив и е многу сличен, али сакав малце поквалитетен, па ќе ги видам на Римел двата. Инаку тој 08 е од тие Кејт или другите?
Осмицата е од Колекцијата на Кејт Мос, да. Во црна амбалажа. Ако ја начекаш некаде - шепни ми те молам, сакам пак да си го купам.
Каква му е структурата на Airy Fairy? Кремаст е или мат? И трајноста каква му е? Многу ми се допадна, се заљубив во бојата.
Од Малена течните-colorfast -скоро иста нијанса,другарка ми беше намачкана пред некој ден,многу ми се бендиса како и' стоеше,ама не знаеше кој бр.е. Отидов да си купам,не ја најдов истата нијанса и си зедов 117 бр.-како месо боја. За џабе фрлени 100 ден. Ми се лепи на устата,ја суши-никаков. Ете,нејзе и' е ок.Зависи... Види,пробај си тестер.