@InWonderland Потпуно истата боја ја има овој мат кармин кој го купив од Веро за некои смешни 100тина денари (може и помалце да беше). Но јас не сум задоволна како ми стои, бојата е многу убава но само на слика вака. Во живо барем на мене изгледа чудно и ме прави бледа ко недај Боже да сум болна од некоја неизлечива болест. А многу му се изнарадував дека е nude и мислев дека ќе го утепам од носење во секојдневни комбинации. Внимавајте со овој вид на nude кармини бидејки тоа што го гледаме на слика на инстаграм и тоа како изгледаат на нас се два различни поими за жал.
@Dalmatinka93 Тоа бројче беше со розев подтон, а овој од сликата е повеќе кон портокалово. Погледни го постот за Don Juan кармините на @Rose96 Ако не се лажам таа имаше и слика со тоа како изгледа тоа бројче
Овој кармин е dupe на течниот кармин на Golden Rose 10 мислам и порано го имаше во оваа тема.На мене 10ката на уста многу ми влече на виолетово накај плаво, па затоа го комбинирам со Satin mauve моливот на Essence или со еден молив на Davis, истата нијанса како Satin muave е и ми се допаѓа како изгледа се добива малку топлина и димензија на устата. Пробај, можеби ќе ти се допадне како изгледа, па ќе може да си го износиш.
Ваква боја кармин и јас не успеав да најдам.Зедов моливче Малена бр 505 од сребрените,скоро па идентична е бојата