Еве јас си земав пред некој ден од Авон 2 карминчиња, поточно од Колор Тренд. -Winter Wine и Pink Sunrise. Преубави се
Имам 13 години и сакам да си купам карминче со некоја светло розе боја накај кремава. Препорачајте ми некое квалитетно карминче кое нема премногу светки, сакам да биде мат
Ефтин + добра кармин = Golden Rose , побрај во колекцијата на Golden Rose , ке си најдеш баш како што сакаш. Позз
Јас си купувам ефтини кармини најмногу ми се погодија на Golden Rose, Aura и Miss Sporty... а и сјаевите им се многу убави не се многу скапи. Купувам многу козметика понекогаш можам и поскапи да си купам ама ете сум се навикнала на нив и добри ми се. Експериментирав многу со боите потемни посветли ма секакви и на крај си ја најдов правата боја бебешка розева на кај бела Одам во Cosmo и таму имаат ефтини и голем избор...само таму можам да си најдам се шо ми треба.
Има ваква боја баш истата ја купив пред некој ден од Cosmo што е позади хотелот Бристол, само не е на Golden Rose туку на Мiss Sporty беше околу 150 денари мислам или помалце Prefect color lipstik а бојата 009 inocence Карминот изгледа вака
јасго корситам овој...плава сум..и убвао изгледа на бел тен....а понекогаш ставам само моливче нуде боја и баш ми ги прави убави усните
Имам иста ваква боја на кармин марка Isabelle Dupont L202 ,јас го купив од Грција незнам дали може да се најде и во Македонија
Девојки ај ако некоја од вас знае кај да ги најдам нијансиве на карминиве нека ме извести, не ми е битна марката само да се ваква нијанса како Бојана што ги има на сликиве ( иако слични се нијансите) таа лево девојката десно девојкава http://a7.sphotos.ak.fbcdn.net/hphotos- ... 4185_n.jpg
Ми треба оваа нјуд нијанса на кармин. Си ја обожавам устата со ваква боја, иако мајка ми ме кара дека пошто сум бледа, бојава дополнително ме бледнее, или како што знае да каже - М., ко болна си, аман дете, ставај боја на тебе! - Да не е со превисока цена, ама да биде трајно. Вакво некое ко на Кимка.
Мишелка, најефтина варијанта би бил Голден Роуз имаше некој подоле напишано во темава за нуде нијанса на кармин Еве ти табела на бои на голден, мислам дека ти одоговара 51 Спојлер Јас го имам истиов, предобар е, само тогаш беше на промоција со сенка. Мислам дека околу 200 се кармините, ама квалитетни се дефинитивно. И мирисаат прекрасно, за разлика од голден. Ама голден се 100денари, (во Скопје се наоѓаат и за 70 некаде), а риммелот е дупло. П.с Или есенсе, 52 in the nude би требало да е уште посветол,овие се 150 денари
Мислам дека овие на Есенс ќе завршат работа, а и ми се допаѓа таа нјуд нијансата. Леле, што си направив сега и така во криза сум со паринкиве, а ми паднаа у око и тие коралните нијанси на сликата погоре од Есенс. Туууу, батко Ѓоргија, да му се сневиди, си мислиш кармин немам видено у животов. Фала ти многу, Хипстерке. Морав да се редактирам - Погледни ја сликата што ја постави Хипстер погоре, овие двете бледи розови нијанси ми личат баш на таа која ја имаш постирано (листам информации за карминиве, слични се на нијансата што ја бараш само види која ќе ти одговара повеќе). 55-ката ми е посличен уствари. Спојлер
Кога сме кај nude нијансите, јас многу се полажав за GOSH Velvet Touch Lipstick 134 Darling, затоа што го пронајдов идеалниот црвен кармин од истата линија и мислев дека и овој ќе е одличен. Вака убаво изгледа и на рака кога го пробав беше супер, арно ама... леле на усните... вода. Не е мат, туку има мал отсјај, а не е доволно кремав, туку напротив, лигав и воден. Се познава секоја една вдлабнатина и црта на усните, не работи воопшто во нивна полза. Очаен е, не го ни користам. Добра замена за nude кармин е Golden Rose 98, (патем овие на сликата немаат врска со вистинските бои, тркнете до Рекорд и пробајте си тестер најубаво). Одлична нијанса, е сега трајноста на Голден Роуз е таа, ама па за тие пари (100ден) толку и музика. Баш ваква убава нијанса дава. http://media-cache6.pinterest.com/upload/85427724151797635_XfImp5An_c.jpg
Сакам само да кажам за кармините на Golden Rose да одите и да си ги пробате нијансите таму, на лице место, и тоа на усни. Јас купив два кармина од Golden Rose во ГТЦ, ама ги пробав само на рака. Едниот требаше да е месо боја, nude, а другиот розев, баш она бејби нежно розево. Кога ги ставив дома на уста, катастрофа! Првиот, нели nude нијансата, на усни ми е креч портокалов, ептен блед, дури накај бело мава, грозно изгледа А вториот е дреч розев, се осеќам ко Барбика со него (кај и плава сум, уште дреч кармин ) Мада, кога ќе размислам, вториов ај некако и ОК е за лето. Сепак, вештачки делуваат и двата. Затоа, проба само на лице место P.S. Kога ќе ги отворам и видам кармините, многу им се убави нијансите, баш како што сакам, затоа и ги купив, ама на уста е многу, МНОГУ посветло, не знам зошто така. Дали и на некој друг му се има случено ова со кармин на Golden Rose?
^ Па, нијансата на боја на раката не е иста со устата, затоа никогаш не пробувајте на рака. А и нијансата на карминот различно изгледа на различни тенови, различни бои на коси, па затоа се добива ефект како да бојата на самиот кармин е поразлична откако ќе ја ставиш на уста. Ако има тестерче (а сигурно има) пробајте си од него, ако ви е шубе да ставате директно на вашата уста, намачкајте на прстот или на раката, па после на уста. Јас така си правам и до сега немам утнато нијанса.
Значи карминиве на YSL како за мене правени,нијансите им се сон Сакааам ... Ваква нијанса,со приступачна цена?