Да не знае некој кармин со баш ваква нијанса? Пред скоро 2 години колешка ми даде на користење едно ептен тенко моливче-кармин и баш беше иста боја како сликава, ама не ми текнува на марката, а со нејзе оттогаш загубив контакт. Инаку црвени кармини не ми стојат многу ама оваа нијанса баш ми прилега, а не можам да ја погодам. @Rose96 и @Irreplaceablee ве тагнувам вас, можеби вие би можеле да ми предложите нешто.
Провери во Еликсир во Веро центар , баш на каса видов повеќе производи на Есенс од постарите линии па можно е да го најдеш
Фала ти, пред извесно време дознав дека и на други места ги има производите на Есенс, но ова се изгледа постара серија и ги нема сегде.
Mислам дека го видов вчера, не ми текнува дали беше оваа нијанса баш за која прашуваш, али знам беше сјаен финиш и слична боја. А , ист ваков само посув и повеќе пигментиран исто на есенс, ако ти фаќа окце, од оваа колекција, број 2 : Мислам дека тука негде се. Јас го земав баш овој, број 2. Преубава е бојата, иста како на сликава. Цена максимум до 180 денари Во ДМ во Веро Центар го земав, беа при крај иначе, ако нема провери во Еликсир и таму имаат есенс.
@kate89, карминот е од лимитирана колекција која излезе при крајот на пролетта 2015. Јас го имам Cool Nude и паметам дека го купив во мај 2015 и колекцијата веќе некое време беше излезена. Космо во Сити Мол знам дека продаваат повлечена роба на Есенс ама јас навистина не би ти препорачувала да даваш пари за нешто на кое кај и да е, ќе му помине рокот.
Само да знаеш колку ми е погодена нијансата...И текстура на кармин и се. Фала ти на инфо,како и да е ќе видам уште еднаш дали го има