Мислам дека во живо не е толку. Како и да е, од оваа линија има доста голем избор на црвени нијанси, па ако ништо друго, нека ти биде една насока каде да побараш. И да кажеш ако најдеш, бојата е многу убава : ))
здраво девојки дали знаете каде можам да си набавам габрини мат кармин некаде низ скопје http://static.framar.bg/product/161124121337gabrini-matte-lip-gloss-2.jpg
Скоро сигурна сум дека ја имаше, ама можеби не сум видела убаво. Ако поминуваш од таму, провери за секој случај.
Побарај на гугл mac brave dupe lipstick ќе ти излезат еден куп предлози. А можеби и голден роуз 114 е некоја ваква нијанса. Види го дали е тоа што бараш.
Да ги пофалам течните мат кармини на Малена colorfast lipgloss. Ги имам бр.120 (виолетов) и бр.128 (кафен во стил на Кајли Џенер). Устата од што ми беше распукана на неколку места ми беше ко да сум пресечена. И со двете нијанси ништо не се познаваше од тоа, обавезно ставам лабело одоздола зошто се мат. Воопшто не ми ја сушат устата, сосем доволен е само еден слој. Единствена мана е што се малку лепливи, ама ни тоа не е страшно тоа е само на почетокот, после се губи тоа. Цената им е 172 денари за 6ml. од Жито маркет. На сликава не е кафениот што го имам, ја ставив само да видите за која опаковка станува збор.
Како бе 172 во жито, јас прееска од една аптека од ново лисиче (само што не знам како се викаше аптеката) го земав за 90 денари бр. 119
Ким и јас се зачудив за ценава, знам дека тука се спомнуваа цени околу 100 ден, ама јас толку ги земав еве дури сметката ми е уште тука. Кај е таа аптека ,да си земам уште некоја боичка.
Ако знаеш кај е тоа ла белеца, така се викаше мислам, во едни црвени згради баш во истиот ред е таму. Не знам како поинаку да објаснам баш @A-j-a Ништо не се разбира изгледа, ќе поминам денес или утре и баш ќе видам како беше името Ама немаше многу кармини, 119ка само една беше ја земав последната, а иначе вкупно дали беа 5-6
@A-j-a @kim.k @marama и по тезгите на зелено пазарче течниве кармини на Малена се движат по цена од 90-120 денари. 172 денари е малку претерување, скоро дупла цена.
Од Авон мат, нијанса marvelous mocha. Бојата ми е скроз погодена, а и има долга хидратација на усните. Но ми здосади веќе за секојдневна употреба. Спојлер: Avon marvelous mocha Ми треба некоја ваква кафеава нијанса: Предлог?
Па и за бренд како Малена е претенара ценава, ем наше ама ни битуаат цени. Лаковите за нокти се сеќавам по 35 ден. беа, сега се по 45, новите работи што им искочија од пред некое време си имаат ценичка исто.
172 денари? Имам Жито преку улица и сум купувала вакви кармини на Малена, не беа повеќе од 100 денари. Не сум им ја проверила цената некое време, баш ќе ја видам утре, 172 денари е прилично големо покачување
Може ја смешале шифрата со друг кармин кој е таа цена, од една страна ми текна дека тука се спомињаа цени околу 100 денари, а од друга страна ја поврзав ценава дека слична на ваквите мат кармини со на Голден Роуз и Аура па си викам вагда таа е цената.