Девојки предлог убав розев долготраен кармин? Ама да е квалитетен да не се прави како лушпи после одредено време откако ќе го ставиш... од прилика на оваа боја ми треба:
Бидејќи нема тема за сјаеви, оваа некако најслична ми е. Имам на Есенс xxl shine, али не се пигментирани и како да ми jа собираат устата наместо обратно. Не сакам да изгледа како бурек да сум јадела, туку да ми ги направи пополни усните. И да не е поскап од 200 ден.
Вака нешто? Инаку девојки, многу ми се допаѓа оваа комбинација ама не ми се наоѓа ништо лила по дома.Може да ми кажете каде да најдам вакво моливче, по можност drugstore, не многу скапо?
Вториот е 10,јас го имам Меѓутоа,во живо е повеќе на темно розева,јас не сум многу задоволна од бојата
Внимавај , некои ги земаат од ибеј и ги продаваат по цена колку што коштаат на Кајли кармините. Јас ти препорачувам ако сакаш оригинал да си земеш од нејзината страна https://www.kyliecosmetics.com/collections/matte-lip-kits
Нешто потемно од ова лилјавково имам земено од Бит Пазар, 22ка бројче Davis Davis мислам пишува, ама ми се допаѓа Некој смешни 30 ден го земав, за тие пари квалитетот одличен
Еееј стварно и јас имам моливи од Davis бордо, muave и кафен.Ги обажавам, многу се меки и пигментирани, посебно за таа цена. Следно одење ќе си го земам, tnx што ми го кажа бројчето.