Фала ти многу на одговорот, баш немам ниеден кармин од Есенс. Ми треба главно за преку ден, па затоа не мора боите да се многу интензивни. Ќе разгледам утре во Дм и ќе одберам некој. Тенк ју уште еднаш
Јас од Малена течните кармини воопшто не сум задоволна.Дека има убави нијанси- има ама многу лоша формула.Кога ќе нанесеш, првиот саат е океј, убаво изгледа ама после некое време се прават лушпи на устата и така се отстранува, една по една лушпа. Многу нечисто изгледа, како устата да не ти е хидрирана со месеци, а верувајте не е така, редовно пилинг и правам.И лабело ставам пред да го нанесам и пак така се прави. Веројатно за тие пари, толку.
Golden Rose Velvet matte 16. Или од оние течните, види ги 13 и 16 затоа што на различен тен и на различни усни не стојат исто.
https://www.instagram.com/p/BQvBCpggZTi/ Вака нешто? Се извинувам што е од инста, али не можев да најдам сличен на слика.
Девојки Римел има нова колекција на мат кармини дп сега немав користено нивни производи за усни и многу пријатно сум изненадена. Многу се кремасти и пигментирани, баш ги препорачувам. Ќе пишам и рецензија на блогот со повеќе детали и фотографии.
Чекам вакви љубичасти предлози, да не се со порачување од интернет само, пролет ме асоцира на вакви бои
Jас го имам овој на Орифлејм.Не е мат има кремаста текстура,а бојата е така вистинска nude нијанса прилично идентична како на сликата