Jас сум многу незадоволна од Revlon lip butter (065 Creamsicle) кога отидов да го купам,го пробав над балсам,бојата супер,и си го земав По неколку дена го ставам на усна,без балсам,и кога го ставив ми се познаваше во секоја линија на устата и ми правеше лушпи на усната како да не сум и направила пилинг 2 недели,другите денови пак пробав пак така изгледа на усна,значи само тој кармин ми прави лушпи на усна,пробав со балсам со се,и пак така изгледа,не знам зашто толку се познати и толку ги фалат Cега ми е мака така што ми стои а со секое ставање се нервирам што така ми изгледа на усна Спојлер
Eте заборавив да го пофалам карминот од Aвон,го имам подолго време и го имав подзаборавено,и сега го најдов и има прекрасна нјуд нијанса,за тие што барате,како 2 во 1,кармин и сјај Eдвај најдов слика на нет,нијансата се вика Perfect Nude,еден од најдобрите кармини што ги имам е,подобар и од Mac и Dior Спојлер
Ту, а толку ги меркав овие и читав пофалби за нив на нет Нијансата е супер, многу ми се свиѓа, ама стварно се собира во секоја пукнатина, ептен се познава на сликата. Баш се зачудив, имам јас еден мат кармин на Ревлон, нијанса nude attitude 001 и иако е сув (мат) не се собира на уста, убав е многу и така си имав створено генерално мислење дека производите на Ревлон се сите убави Инаку во мојот пост погоре пишав за кармините на Golden Rose, кај се ЕКСТРЕМНО посветли на уста него вака кога ќе ги отвориш, плус и исто вака се собираат Незадоволна сум од нив комплетно. Сите ги испофалија, и за таа цена можеби се ОК, ама за мене не. Мене ми се допаѓаат кармините на Artdeco (од оние поскапите) и на Rimmel и Flormar (од поевтиниве). Сега последен си го земав овој на Artdecco и иако е кремаст, нит се собира во линиите на устата, нит ништо. Прекрасен е, а нијансата му е некоја розеникаво-виолетова (не знам зошто вака темно изгледа на сликава, посветол е), убаво изгледа на уста и ги прави забите да изгледаат побели, што е огромен плус
Eпа девојки, јас да се пофалам дека си ја најдов посакуваната nude нијанса. Го купив карминот на Есенс, истата нијанса како од сликата - 52 in the nude и замислете, ми се погодил баш онака на среќа. Заборничава сум в крај и ја бев заборавила точната бројка, па запнав 55-ка, та 55-ка и среќа што ја немаше нијансата, инаку ќе утнев. И чисто на среќа си ја грабнав 52-ката и по пат си смислував утехи, вака така, па дури кога дојдов дома и прочитав in the nude одоздола, ми светна дека сепак не сум погрешила. Карминот е прекрасен, нијансата такуѓер, убаво ми „легна“ и сепак не е од оние nude нијанси кои дават впечаток ко „без уста“, што ми е посебно важно бидејќи сум така побеличка. И да - мириса на карамела. Штета што сликата не го доловува вистинскиот ефект, во живо бојата е баш light caramel, ама како и да е, ми се допаѓа тоа што е така неприметна и ќе ја биде за секаде. П.С: Ако сите кармини на Есенс се со таков сладок и карактеристичен мирис за секоја боја, посакувам да ги имам сите - скромно, as always.
Bчера земав кармин на Mac,собрав парички и земав,многу сакав да поседувам еден,зашто долго траат и имаат убави нијанси,ја земав оваа нијанса,светло црвена е,како боја на јагода,не е нападна боја,убаво ми стои,и долго трае,денес цел ден ми стоеше,јадев,пиев,се бањав И убаво мириса,ги паметите оние зелени кармини што пуштаа црвено и стоеа со денови E на тие кармини ме потсетува во мирисот,и не е сув како некои други,некако кремасто се чуствува на усна Eве го Спојлер
Јас ќе му дадам шанса на овој на Гош, многу ми се допаѓа боичката. Velvet Touch Lipstick - # 63 Sunset Се надевам дека ќе се погоди одлично како црвениот 60 Lambada, многу подобар за разлика од 134 Darling.
Трендафилке, имам слична нијанса на овој, прво помислив дека е истиот, ама мојот е 146 cappuccino. Спојлер Не ми стојат вакви голи бои и не ја користам никогаш сама по себе, но нема подобар кармин за мешање. На пример, прво си ставам од 127 Mulberry или 66 Bourgogne (вториов е предобар и сам, но некогаш го сакам понежен) и потоа од ова нудево, па ефектот ми е супер. Е сега, различен е карминот и можеби текстурата нема да му одговара со другите ако е водест и лигав, но пробај да го комбинираш можеби ќе му најдеш каква-таква намена.
Сите бои ке ти стојат убаво ако ја избереш нијансата на карминот соодветно со твојата боја на уста а тоа е деве нијанси потемна......
Конечно си ја најдов најубавата нуд нијанса. Преубава интензивна боја,и не ги оцртува линиите и вдлабнатините на усните што е најважно Спојлер Avon - Latte Cream (Ultra colour) Го земав и на Essence карминчето In the Nude. Спојлер Боичката е океј,малку како побледо да остава ама добро е за преку ден. Едино што се разочарав е што ми ги оцртува сите линии на устата Незнам зошто,пробав прво и лабело да ставам па карминчево и пак истото.. Е дали дека периодов ми е прилично испукана устата незнам може и до тоа да ми е..Ама еве во споредба со ова од Авон - не ми прави така Дали на некој вака исто му се случува со карминиве на есенс? А таман сакав и уште да си приземам од нив нијансите им се преубави и живо ефтино за карминче!
Мене на почеток ми беше одличен карминот, значи не се издвојуваше низ линиите на устата, ама не негирам дека може да биде до карминот. Моментално ми е малце сува, синоќа ставив и ужас беше, баш како што опиша ти. Се надевам не е до карминот, до мене е. Ај нека нè просветли уште некоја, ептен се разочарав кога те прочитав и тебе. Море, јас ќе си земам и корален, па ќе споредам и ќе кажам импресии. Па, што биде, нека биде - мојата желба за убаво карминче е поголема од можните последици на незадоволство.
Само што сакав да пишам дека имам ист ваков кармин, добро е не сум луда само јас е вака сега ист ист ист како на сликава прва има на MANHATTAN 33N X-TREME LAST AND SHINE. Црна е опаковката јас го купив под железничка во зегин преубав е