Има вакви нијанси од ГР од тие во црно пакување, 98 и 99 се nude нијанси. Ама зависи од тенот може и многу бледо да ти стои. А овој од авон што ти го пиша членкава погоре е прекрасен. Баш сега го има во тековниот каталог.
Јас сум многу бледа, мислам дека посветло од тенот секако нема да ми е ама не знам како да видам дали ќе ми стои или не. Кармин ваков ми треба колку да не сум без ништо, зошто устата ако не ја исцртам не ми се познава Фала ви многу за предлозите па ќе видам за што ќе се одлучам.
Golden Rose 99 од старите црни пакувања мене ми е класика. Најубава беж нијанса на сите времиња, ко за мене и мојот вкус. Штета што воопшто не се трајни, инаку имаат прекрасен избор на нијанси. Оваа е навистина добра беж нијанса и многу им се троши. Погледни како ќе ти стои.
Коа сме кај кармини, некоја дали има искуство со кајли козметикс што ги продаваат кај нас карминиве? Не ми се купува на непробано а сите што ги знам што ги имаат купено се тешки премагала у дека све у животу им је прва класа, нема да признаат дека не го бива. Ај плс хелп ми
Мислиш на копиите на оние Кајли Џенер кармини? Те молам не купувај вакви од овде. Фејк се и којзнае што сè немаат во составот. Јас нарачав преку другарка неколку нијанси од оригиналот, фини се ама не вредат за парите. Не се пресликуваат во никој случај, ама преценети се. Се бришат доста при пиење или јадење. Особено ако усните дојдат до контакт со нешто помрсно. Обично бришам кармин пред јадење, но смрт ми е да бришам црвен кармин оти не сакам да изгледам ко мајмунско газе и така приметив дека по првите неколку залчиња салата карминот исчезна. Останаа линии само по рабовите на усните, како бледи остатоци од молив (а немав молив, само кармин). Колешка си нарача фејк од Али - немаат мака, не се вадат ниту со полиција. Којзнае што сè не им ставиле кинезиве за да ги ојачаат. Формулата е прекрасна, иако им треба малку повеќе време за да се исушат, ама не се воопшто тешки на усните како течните кармини на Голден Роуз на пример. Ниту пак се прават бори во усните, ама ме изненади нетрајноста.
Ако не си ти треба да се затворат темиве на форумов. Јбг мора да се фејк за 500 денари ги продаваат. Оригиналот е дупло. За 25 долари MAC ќе си купам што се вели. Ми се свија една нијанса на кафено, како кадифе е. Ама вајда само на слика е таква, нали филтер на филтер на инста сите сме прелепотици Фала ми уштеди пет стотки
Другарка баш од Америка си ги зема на Кајли тие и ништо живо не ги вадеше од уста. Ни вода, ни влажни марамици, ни ништо. Исто имам читано американци баш како го кажуваат тоа, дека не се вади...
Леле ме усрами со оваа првава реченица. Сериозно, чувај си ги парите. И јас гласам за MAC или за течните мат Сефора - е тоа е врв од течен кармин за мене. Инаку, мислам дека знам за која кафеава нијанса станува збор, ја имам - True Brown K. Прекрасна е (малку темна за мој вкус), ама е доста специфична. И моите се од Америка. Не ме изненадија мене, навистина мислам дека се преценети и за тие пари би купила MAC или Bobbi Brown.
@Hipster, порачај си од Colourpop, моментално имаат и бесплатен интернационален шипинг. Практично ги произведува истата компанија и го имаат истиот состав со тие на Кајли, повеќе тука. Повеќето нијанси на Кајли имаат и dupes од Colourpop, разбарај ја таа што ја сакаш на нет. Јас имам шест течни кармини од нив од кои три се ултра мат и не се вадат за жива глава Ми стасаа за две недели, а сега чекам и ново пакетче
@cooll, ги немам, имам палета хајлајтери од Anastasia Beverly Hills која мислам ќе ми трае цел живот Читав дека многу ги фалеа, особено нијансата Churro која е спој од три нивни хајлајтери, се сеќавам кога првпат излезе се распродаде за една минута.