. Другарка ми има купено од бит пазар за 150ден и она темно виолетово што е заборавив како се вика и ѝ траеше цели 6 часа додека бевме во школо...
За карминиве на Кајли , моја другарка порача баш и јас испробав , навистина не вредат за тие пари. Многу лесно ми се избриша. Па и карминиве на Голден Роуз се многу подобри од тие на Кајли. Баш наскоро ќе донесат нови нијанси (коментирав во темата на Голден Роуз) па можеш и од нив да разгледаш. За Сефора кармините навистина се супер , не се бришат лесно , а и кога се брише не се прават парчиња (единствено ме нервираат во последно време не ставаат фини попусти како што ставаа до пред некоја година ). @Hipster
Нема поубави од Colourpop мислам секако дека има ама за таа цена и тој спектар на бои се предобри. Исто и од сенките боите им се убавини
Да ви ги пофалам овие палетчиња на Лореал, мене ме бендисаа зашто јас мразам да имам петстотинишеесетитри кармини и да не знам кој кај ми е. Вака 6 и едно. Убаво палетче, кој сака нјуд нијанси. Сеа ценичкава не му е сјајна ама океј. Со попуст беше 700и кусур, иначе е над 800 денари. Јас лично ги обожавам кармините на лореал зашто ми се хидратанти и мирисаат убаво. Сеа се бришат брзо да, ама тоа е, мене сите кармини ми се бришат брзо. Само мене четкичево не ми идеално за нанесување, си имам едно друго земено одамна специјално за кармини. Коа сме кај кармини, не знам како толку многу сум нарачувала од Авон порано. Вајда сум се лажела евтини, ама од оваа гледна точка не се ич. Не се лоши добро ама воопшто не ме фасцинираат. Денес фрлив 4ри. Уште не отворени-неотпакувани во рокот на траење уште цела година а веќе расипани-мириса одвратно а тоа ми е прв индикатор дека кармин е расипан. Разочарана сум зашто бев толку заслепена и имам се'уште залихи од кои не можам да се откачам. Глупава жена
Ох , каснам цели 10 дена ама зарем не важи веќе бесплатниот шипинг? Гледам пишува за нарачка под 50$ се плаќа 10$.
Веќе подолго време ги користам мат нијансите на essence, имаат пристојна цена и за таа цена се супер, задоволнасум. Користам ваква светла нијанса и една потемна.
Видов погоре дека го има спомнато, ама од течните кармини на аура бегам Не знам дали е до мене само, ама полошо нешто не сум ставила на уста
Јас имам 6,7 течни кармини на Аура што ги користам со години и немам никаков проблем со нив. Посебно па од линијата Гејша ми стојат цело работно време, а цел ден зборам, јадам, пијам.
Јас имав земено еден од течниве, темно виолетов и толку беше течен и непигментиран што ми идеше да заплачам Сега пусти страв, трауми имам не ми дава душа да го земам овој
Види од течните на Голден Роуз, има две нијанси на црвена. Едната е таа што ти ја пратив, а деугата знам дека беше некоја ваква како корална боја. Можеби ќе ти се допаѓа, а и квалитетот е врвен
Повеќе ми се допаѓаат nude нијансите на кармини затоа што не сакам многу да се познава.Имам користено кармин од есенс,светла nude нијанса и молив за усни на s-he.Моливот повеќе време ми траеше на усните во споредба со карминот. 70 денари се моливите на s-he во ДМ.
Ако можам добро да прочитам оваа ти е пазарска козметика, имам гледано лакови по смешна цена од 30 денари. Провери на Бит Пазар или во некоја од Локалните парфимерии , не би требало да се поскапи од 150 денари. Јас лично ги немам видено.