Девојки ова е течниот мат кармин на аура бр.24 не ми се свиѓа структурата , ама ова е дефинитивно единствена боја на нјуд кармин што ми стои некој друг добар кармин со ваква боја да ми препорачате мат течен ама не многу скап
Да се надоврзам, исто ѕирни го и на ГР 11 број, по на кафеаво и крем е, на розево не е баш ама убава nude нијанса и има мали светки низ него
Има ама бројчето не знам кое му беше на маливе пакувања нема бројки 20 и некое беше, влези пробај тестери ќе го најдеш сигурно. Знам дека бојата на сликава не изгледа слично ама кога ќе го ставиш на уста е истава боја
Која цена се кармините на Inglot? Јас ова го меркам Или ако се скапи, да ми препорачате ваква боја на кармин?
Некаде прочитав дека се 400 , на друго место 900 денари , сега што е точно незнам Ваков лила кармин има на Аура - мислам беше 616 out of box
Да ми препорачате ваква бордо боја на кармин, освен на Golden Rose liquid matte 15 - тој го имам ама брзо се пресушува и се рони од устата. Може да е или мат или со седефаст финиш, само да не свети. Исто, дали се наоѓа NYX кај нас, и ако да, каде и која цена?
@MagsDestiny Од NYX мислам дека нијансата Transylvania е достапна во Александар Козметикс. Одамна не сум била натаму, ама колекцијата не е нова па верувам дека може да се најде, цената им беше околу 400 денари. Ваква иста нијанса е и 626 Mistress од течните мат кармини на Аура. Мене оваа нијанса многу ми се допаѓа, ја користам многу често и ми е идеална бордо која ептен ми се допаѓа како ми прилега. Цената е околу 300, или триста и нешто денари, не сум сигурна. Мана е тоа што структурата на карминот е малку ретка, па мора особено да се внимава при апликацијата и понекогаш да се стави и втор слој. Мене тоа не ми смета воопшто, со оглед на трајноста која ја има карминот, не ми е проблем да нанесам слој плус. Истото ми се случува и со карминот од NYX кој го спомнав, најверојатно е до пигментацијата. Ама ефектот е прекрасен кога ќе се исуши.
@MagsDestiny оваа нијанса погоре ја има во Александар козметикс и ако не се лажам 450ден беше цената.. Се согласувам со Мишела тој кармин на Аура е преубав и не се осеќа на усните , зборам за сите кармини на Аура не само за таа нијанса. Мене лично повеќе на Аура кармините ми се допаѓаат бидејќи се потрајни од овие на NYX
Гледав слики на нет, ја споредував нијансата на Aura и NYX, и некако повеќе ми се допаѓа Aura, потемен е и баш бордо како што сакам, додека NYX ми изгледа како со виолетов подтон. Деновиве ќе проверам на тестер од двата, па ќе видам кој ќе го земам, иако сум поубедена за Aura, плус штом е и потраен. Фала ти
Се согласувам со @koritsaki во врска со Аура. Деновиве бев на свадба, го користев течниот од Аура 624 (Last Goodbye), одоздола без ништо, само ја ограничив устата со моливче од Есенс и нанесов од карминот. Немав потреба да го обновам дури ни после јадење/пиење. За 300 денари е и повеќе од прекрасен. Истото е и со овој во темната бордо нијанса; ниту се суши, ниту почнува да се рони. И устата изгледа природно, без оние исушени бори по неколку часа од нанесувањето на карминот. П.С. Кармините во Зегин се поевтини, мислам дека се 260-70 денари, така некако ми останало во сеќавање. Само не знам колку се опремени со нијанси. Прашај и таму за секој случај.
NYX Purple rain моливчињава ги има во Александар козметикс го имав земено пред околу 3 години , се надевам и нијансава ја имаат уште цената мислам беше околу 280-300 ден