Да ги искоментирам нијансиве Јас водејќи се по сликава, нарачав да ми купат некои нијанси без да ги пробам предходно во продавница и испадна да сликава нема врска со бојата во живо. На сликава се каде каде посветли нијансиве од колку во живо што се. Ја имам 13, воопшто не е толку светла, во живо оваа нијанса е нешто меѓу 16 и 17 на сликава. Ја имам и 14, во живо е баш јака бојата нешто измеѓу светло црвено и портокалово, баш онаа bright neon red. 22 исто доста потемна во живо... Имајте во предвид, да не нарачувате други да ви купуваат
@la-chicka да во право си. Јас до сега ја имав 10 ка и многу потемнува, оксидира. Станувам како дракула, па приморана сум да ја мешам со светол кармин за да постигнам некој баланс Да напоменам дека сега го купив и број 1 и врска нема со сликава. Мава на портокалово
барам вакви две нијанси •некоја меѓу црвено и розевo ама со црвен подтон поладна ко на првите 2 слики •и мауве нијанса ко на вторите две молив за уста би сакала, но може и ксрмин или некој од мат кармините на голден
@soffce, втората нијанса од првиот ред многу ме потсеќа на On the catwalk на Essence но внимавај, Есенс имаат нови кармини и старите ги повлекуваат па ако ти фаќа око нијансава- побрзај
Имајте во предвид и декасликите на нет најчесто се сликани со блиц или под неонско светло и нијансите секако ќе изгледаат посветло и „поживо“ отколку кога ќе се видат на обична и/или дневна светлина. Било кои, не самоовие.
Два дена барам не знам кај да прашам, ај тука па ако не преместете. Течните кармини на Кајли добри се? Има промоција ли е што ли е во Бети аптеките ама прво вас да ве консултирам. Секако малку трошам па бар асален да биде. Има и сет со моливче за 130ден.
А ги прашав, што е финтата со ценава...срамота демек аптека Немав поим како се движат цените ама ми се виде многу ефтино. Фала ти.
Те цитирам за да прокоментирам за нијансите, ама веќе пишале погоре. Нијансите на сликата не се ни приближно исти како на сликава. Во живо се многу потемни, ама и нијансите не се баш тие. Пример, погледнете ја 22ката како изгледа на усни (сликата подолу) а како изгледа на раката. Затоа одете во продавница и пробајте на рака, сликава не е веродостојна. Исто пишале веќе, 22ка на Голден Роуз е на сликата, а можеш и 19ката да ја пробаш. Тоа не се кармините на Кајли, туку некоја лоша копија. Оргинал комплети од Кајли се $29 Спојлер https://www.kyliecosmetics.com/collections/matte-lip-kits/products/posie-k Исто, немој да се излажеш за Huda во Шатци, не се 180 денари, туку $20 Спојлер https://www.sephora.com/product/hud...2=huda_beauty_lp_whatsnew_carousel_us:p411320 Најдобри кармини за 150-200 денари се оние на Голден Роуз.
https://www.kyliecosmetics.com/ Еве ја официјалната страна и само овде се продаваат нејзините производи. Знам дека имаше голем проблем со копииве што ги продаваат, имаа лепак во составот и уште што не. Затоа пишав купување на свој ризик
Ма имам јас кармини не дека ми треба некој ама ова чудно ми падна. Кој не им отиде да ги изруга јас Божица да не сум
Мислиш гајле им е? Зависи од продавачката, некоја може ќе те убедува дека се орИгинал, друга може ќе рече дека тоа им е работа - да го продадат она што го донел газдата. Прашав и во ќошето, ова кај може да се пријави? И Шатци и аптеката.
Земи си течен кармин од Аура, Божице. Имаат многу фини нијанси и од темните и од светлите. Во Зегин држат најниска цена, само не секогаш ги имаат сите нијанси на лагер.