јас најмногу користам розева бидејки користам розев руж и најмногу ми одговара розева бидејки имам светол тен.но понекогаш користам и боја на праска
Омилени ми се црвениот и овој најлево што е (нешто така на него слично), посебно вториов. Имам таков од Орифлејм и за ништо не го менувам.
Бојата на карминот гледам да ми е складна со тенот,со аутфитот,зависи и од приликата,не можам на работа да дојдам со некоја појака нијанса како за вечерно излегување (барем јас нема шанси). И не обожавам светло розеви,сјајни нијанси ,дречливи...
КАРМИН Дали мислите дека со црни панталончиња и сивкаста кошула би ми одговарал црвен кармин и со што друго би можела да го комбинирам??
Многу ретко користам кармин повеке ставам сјај за уста,а кога користам кармин гледам а не е темен туку нешто светло розево или месо боја.
Да одговара и јас би ставила црвен кармин на таа комбинација. Инаку јас претежно за преку ден користам нежни нијанси месо боја ,розевкасти а за вечерно излегување ставам црвен , бордо ,темно розев.
Јас до сега имам ставано само неутрални бои на кармин,мат розева,розев сјај,праска боја...сега сакам да ставам црвен ама не драч црвен туку малку на бордо и незнам како ке ми стои Девојки што мислите на смеѓа коса и смеѓи очи со бел тен ќе ми стои ли?
Јас ставам циклама или бордо.омилени ми се за вечерни излегувања.а денски нешто капучино нијанса ,праска исто,ок ми се
Кога купувам кармин никогаш не си ја погодувам бојата , убав ќе ми е на изглед и на рака (од тестерите не ставам на уста) и кога ке ставам на уста... ништо..... ајде препорачај те ми некој убав со боја на праска малце потемен накај розево... светло црвено мат.....
Јас во животов немам ставено никогаш црвен кармин ми изгледа многу нападна бојата и не ја сакам,користам повеќе сјајчиња за уста розевкасти,лилави,месо боја и супер ми се ги обожавам највеќе оние миризливи за преку ден со мирис на овошје...
Носам и праска боја, црвено и неутрално. Не ги сакам оние темните ко виолетови или розево што вади очи.Мене пак ми се допаѓа црвено карминче, се додека се умерено нашминкани очите
Гледам зимава многу девојки носта ваков како највисокиот и легнатиот Утре ќе земам еден од нив кој ќе ми стои поубаво се мислам, бела сум
Кате, темно виолетова е одличен избор, верувај ми. Но не многу на розево да мава, како пурпурен да биде. И јас имам светол тен, и ваквата нијанса изгледа фантастично.