Јас сум плава, и мислам дека најмногу ми одговара розев кармин.. Не користам многу кармини.. повејќе сум за сијај
Не користам кармини ама црвениот го сметам за грд кармин незнам зошто и според мене на бринетите им стои многу лошо.
Јас сум заљубена во кармините на Римел, од Кејт Мос линијата. Зедов еден за проба и после тоа уште неколку. Имам nude, нормална вообичаена црвена, позатворена црвена, џиш црвена, многу јака розова, и еден од друг тип кармини исто на Римел што не знам како да го опишам ама ваква е бојата како првиот од лева страна и предобро стои. Не е кафена, како потемна nude нешто. Презадоволна, особено од црвените нијанси.
^ Само што сакав да прашам за карминиве колку пари се? И имаат покривност баш вака како на сликиве? Баш ги разгледував истиве на Кејт Мос сега низ нет,и решив да си земам неколку па цена ме интересира
Мене ми се преубави, ги имам и во некоја друга тема ми се чин пишано, долготрајни се, бојата е сон, доволно суви доволно мрсни, таман ко што ги сакам. А цена да ме утепаш точна не ми текнува, околу 200 се ми се чини.
Имам темно кафеава коса, дури црна и зелени очи. Користам црвен кармин, понекогаш и праска боја кога имам поистакнати очи, за посвечени пригоди користам црешна боја кармин
Долго време користев кармин од АВОН со боја како на сликата , многу ми беше убав , но сега веќе ја нема истата боја , многу на кафено ми е , препорачајте некој кармин со таква боја или свето розева позз
Користам најчесто розеви нијанси. Некако тие најдобро ми стојат,евентуално црвени. Овие беж, кремасти,`голи` нијанси ич не ги сакам. Како без уста делувам.
мојот нај нов кармин , Sephora Jealous , најубавата боја ,го користам и за денско и за ноќно излегување
Имав преубав светло црвен кармин со ситни светки низ него ама ми се истроши. Бидејки беше постар, мајками го купила пред 5/6 години, избришано му е името на фирмата и никако неможам да го најдам. Барав и на интернет барем слична некоја боја да најдам ама нема. Ако знаете некој со следниот опис: сув, со ситни светчиња низ него и ефтин, пишете ми. Спојлер Најсличен на него е овој од авон Не сум го користела па да знам каков е кога се нанесе, ама на сликичката изгледа како мојот со такви светки.
Добро луѓе, препорачајте ми добра линија мат кармини? Не е битна цената, ама не можам да најдам добар мат кармин. Сакам да земам во повеќе бои, скоро сите што ги имам се премногу сјајни и светкави. Сакам нешто густо, постојано и...мат!
^ Sephora убедливо ги имаат најубавите мат кармини, ама не секогаш можам да си ги имам во залиха, а да праќам „поздрави“ други да ми купуваат козметика - мало сутра, не сакам да ми се скрати најголемото уживање. Би ти ги предложила мат кармините на Дебора (црно е опаковчето), имав црвен и многу ми се допадна - хидратантен, траен и не оставаше ефект на географска карта по устата. И Гош имаа мат кармини, јас имам едно розе нијанса ама не е мат, инаку сигурна сум дека имаат, ама не знам дали ќе ти се допадне, знам Трендафилка се жалеше дека нејзиниот ѝ се делел во линии, а тоа не беше случај и со мене.
За наубава боја на кармин според мене за жена е црвена. Најжествено, најдамско, најкласично, никогаш неможе да се згреши. Заљубена сум во црвени кармини, имам 2, еден на Диор и еден што е веќе при крај и не е фирма, стар ми е, прв црвен кармин што сум имала. Инаку, црвениот кармин секогаш и од машка страна е најубав, се смета за најсекси и најгламурозна боја на кармин. И тоа тука зборуваме за матот, оној кој не светка, оној убавиот кој ја потенцира устата, не оној со светки и сјајниот. Црвен кармин е најпогоден и најубав за некои посвечени пригоди, интересни случки, на кои треба малку да се истакнете. Јас црвениот кармин го употребувам најчесто за вечерни излегувања, но и некои побитни ручеци. Ептен ми се допаѓа мене, омилен ми е. Инаку за секојдневен кармин користам или праска боја, или нежни нијанси на розева, кремави и слично. Бои кои одговараат на повеќет комбинации. Како и да е, прашањето ми беше, каде а најдам убав црвен мат кармин, да бои убаво, да биде баш мат, да не остава грутки и слично и да биде долготраен и хидратантен. Значи кратко кажано совршен.
За сите што барате добар мат кармин, можам да ви ги препорачам мат кармините на Revlon. Ги има во Космо, само не памтам која цена беа. Јас пред некој месец земав еден мат кармин, nude нијанса, и презадоволна сум. Значи, ептен е мат, нема сјај воопшто и толку е траен, што дури треба да го триеш за да се извади. Стои цел ден без проблем. А, да, и мене не ми создава линии на устата, т.е. не ми се собира во празнините, или како и да се викаат тие Е сега, изборот на нијанси кај нас е малку ограничен, нели нормално Инаку, се заљубив во карминиве на втората слика, морам да имам барем еден од нив (по можност тој од десно), преубави се! Што ми требаше да ја отварам темава, се напатив Еве како изгледаат:
Ми треба препорака за добар црвен кармин и со солидна цена зошто нема да го користам којзнае колку многу. Некоја ваква боичка.