А да побараш некаде останати од Есенс по 85 ден? Обично во Еликсир има по неколку сјаеви и кармини. Евтино ќе пројдеш, а сепак ќе си ги користи, секако се поквалитетни од кинескиве.
На малена се доста квалитетни и долготрајни ако се ефтини јас имам повеќе нијанси некогаш не е до цената
Како мислиш останати? И по колку се движат они? Знам те разбирам и јас користам туш моментално од 180 денари и многу позадоволна сум од него отколку од тој од 300 што го користев.Ама мене ми е за декорација и да изгледа по богато некако штознам
Понекогаш имаат одредени производи намалени на 85 ден. Брзо се трошат нормално и затоа реков останати.
Ѕирни ги на Севентин бидејќи кармините им се најдобри. Цената им е околу 290 денари. Есенс мислам дека имаат мат црвен кармин, квалитетот на мат карминчињата им е супер. Цената е 175 денари. Јас ги имам следниве: 1) На Римел 111 Kiss of life ми е најпрекрасниот црвен кармин. Не е премногу сјаен. Околу 200 денари. 2) На Голден Роуз течните кармини 09 е многу убава нијанса. Цена 245 денари. 3) На Голден Роуз велвет мат кармините имаат неколку црвени нијанси. Јас ја имам 25 и е темна црвена нијанса, како цигла боја е. Цена 145 денари. Се надевам дека ти помогнав.
Во најновиот каталог на Авон провери Марк кармините има неколку нијанса на црвена мат, јас имам и презадоволна сум.
Јас не наведов каква поточно боја, го имам од Голден Роус 18 од велвет мат линијата, но барам потемен. Фала девојки, ќе ги разгледсм вашите предлози.
Не ми ја дава сликата Сепак ти благодарам, ама многу пати се имам зафркнато со нијансите од онлајн каталози како Авон и Орифлејм (едно на слика, друго во живо), затоа би сакала од некоја продавница да е, да си пробам тестер
Не знам дали си го видела на аура 612од течните мат кармини? Нијансава кај мене на уста испаѓа иста како оваа.