Тој е ептен виолетов, нема црвени тонови во себе. Мислам дека на @Sanjichka007 ќе и' се допадне 623 (Take the Crown), од истата линија на Аура. Темна, богата нијанса на црвена.
@Antolinaa @Mishela Од Аура земав еден Mistress ли како се викаше, вака во шишенце ми изгледаше точно како оваа нијанса, темно црвена. На усни ми искача виолетово. Плус беше преееемногу непигментиран, со повеќе слоеви па почнува нерамномерно да изгледа. Тој на голден роуз може да ги ѕирнам ако не.
Mistress е најтемен ама има виолетов подтон. Овој другиов (623) е баш бордо црвена нијанса, многу е поубав од Mistress. За Голден Роуз не знам, освен еден течен во корално-црвена немам други темни нијанси.
Ај баш ќе го ѕирнам тогаш ако имаат тестер. Мада не барам стриктно течен кармин, каков и да е само да не е светкав и во ваква нијанса
Незнаев каде да го поставам прашањево па овде се надевам на одговор..Имам земано мат кармини и скоро сите ми се бришат и течните цела уста ке ми се избрише само по крајот на устата останува и многу неубаво изгледа..Ги имам и на гр и малена зимав и еден друг гош мислам беше и разни други што немаат никакво име само да пробам дали ке се избришат и резултатот од сите е ист..Пробав и со лабело и без и од мелем ставав и пак исто Искуство некој..?
Пробај го ова со пудрава, можеш со било каква камена, во прав...Тоа што ти се бришат значи ги „јадеш“. И мене ми се бришат, па ми помага некогаш ова со фиксирањето и молив за уста.
@M.laDy се воздржувам колку што можам да не ги јадам и пак исто...Сум забележала кога ме шминкат на козметичар не ми трепнува цел ден ми стои а јас кога ставам за пола час немам ништо само по краевите на устата ми стои
Ако некој сака убава кафеава боја на кармин. Еве оваа на сликата, карминот е одличен ама се брише, мат е нема светки некои.
Не знам дали имам пишано, ама внимавајте со течните на Голден роуз, нијансата е многу потемна кога ќе се нанесе на усни. Значи во шишенце и на рака една нијанса, на усни сосема друга. Имам неколку од овие течни мат и со сите е истата приказна. Значи одлична трајност имаат, пигментираност, не ги сушат усните, ама ова им е голема маана. Погледнете само колкава разлика има на различно светло, или кога ќе се слика до други нијанси. Спојлер
@Rebecca_R се согласувам со тебе , и не само за карминиве на ГР туку општо за сите, друго е на монитор и на слика , друго е во живо.. затоа си има тестери и најдобро е да се проба на лице место
Точно така, на монитор/слика никогаш не е исто како во живо, а и не е исто под какво светло го гледаш карминот (штедлива сијалица или обична). За други мат-течни кармини не знам, ама еве сите 4 нијанси оф ГР кои ги имам се бајаги потемни на усни од она што се гледа додека се во шишенце, би рекла за некои 2-3 нијанси.