Знаамм јас мислев на оној @ванилала што го праша а исто може да провериш и ти од Есенс имаат нови нијанси 07 и 08 баш виолетова и бордо ))
@marta993 ама двете слики ти што ги стави за мат мат мат на Есенс сосем различно изгледаат за нијанса 4... едната розева, другата накај црвена(што повеќе одговара). Која нијанса би била поприближна во живо?
повели слика како изгледа на мене. Изгледа различно затоа што кога ќе се стави на усните се добива поинтензивна боја, може накајј црвена затоа што се меша со природната боја на усната затоа е така најубаво пробај од тестер
Head turner на Mark - Авон е многу, многу светол. Хммм како да го опишам подобро, џиш дури како неонска изгледа нијансата. Нијансата не е ни приближно толку темна како на сликата во каталог, да знаев дека е толку светол немаше да го купам,т.е. немаше таа нијанса да ја купам. Инаку @marta993 мене не ми изгледаат исти нијансите. Пример, јас имам кафеава коса и светол тен како твојот (ако не сум грешка и ти користиш catrice hd 01 - а можеби сум грешка) а на мои усни карминот од авон е многу, многу по светол и пигментиран.
Да, да, разбрав тоа, ама прочитав погоре си пишала дека се исти нијансите, па сакав да кажам дека само на слика се исти.
Да, јас знам дека се различни во живо и на слика, не го знам во живо. Мислев дека бара идентичен како на сликата, па го предложив овој
Девојки баш ваква црвена боја на кармин? Ама сакам течен мат.. тие ми се потрајни. Гледав и од Голден роуз и од Аура. Од г.р. имам веќе неколку, добри се. А од Аура досега не сум користела. Кои се подобри? Или предложете некој вие.
@Quincy Види го на Аура 604 Boy oh boy, јас го имам и е најјјјјјјјубавата нијанса што прилега на мојот тен. Многу комплименти сум добила за него, плус пријатен е за носење. Исто така ѕирни го на Голден Роуз 14ката, но е попортокалов за разлика од овој на Аура.
golden rose 10 на оваа слика е прилично посветол, но мислам дека нијансата што ја бараш може да се постигне и доколку под карминот ставиш потемно кафено моливче. Јас прво кога го видов карминот веднаш ме потсети на Lime crime- Cashmere