Бојата на карминот и на уста од двете слики што ги имаш ставено излегла сосем различна и затоа не знам на која повеќе мислиш, ама еве можеби од овие ќе најдеш некоја што ти се свиѓа
Јас ставам бордо креонче низ целата уста и после малку од овој за да отемнам. Така изгледа убаво, барем за мене
Не знаев во која тема да пишам, се надевам ок е тука. Ми треба убав сјај за усни, некоја нуд нијанса. Не сакам да биде леплив или да ми се растекува. Или некој креон кој е хидратантен, а пигментиран. Не можам постојано да носам и лабело и кармин па да поминувам со двете.
Иста ваква нијанса е моливчето од Есенс 06 satin mauve. Потполно исто е, јас ко користам наместо кармин. Уште „трагам“ по совршениот mauve кармин, моливот засега ги шие сите.
Е да, мислам дека секое женско има барем едно моливче што го користи како кармин затоа што не ја нашла соодветната нијанса Ти благодарам, утре одам во потрага на моливчево
Не излегува како што е вистински. На сликиве делува како слива боја а не е, права лила е како оваа од нет.