Моливчињата за уста беа насловени Soft contouring и освен нив немаше други за уста. Сепак ќе проверам и на др место, фала ти.
Па да мислам дека тоа се моливи од новата колекција и бројките и називите можеби се променети (не сум дома за да проверам), но нијансите се тие и не им се сменети. Црвениот молив е ист, него го имам од таа колекција.
Мене многу ми се допаѓаат кармините на Малена и Мода, преефтини а многу трајни. Јас лично користам мат кармини, не ги сакам оние со сјај. Провери ги овие два бренда мислам дека ќе најдеш ваква нијанса имаат доста голем избор.
Девојки има ли некој користено течен кармин HUDA викаат дека е добар,а баш е евтин затоа прашувам? Да не ја суши устата?