обожавам кармини,порано користев исклучиво сјаеви ама сега кармините си ги зазедоа своето место во мојата козметика!на дебора и лореал дефинитивно ми се најубави,и орифлејм имаат кармини со преубава текстура(како путер)но не сите се како во каталог,и не оставаат боја многу!
Најзадоволна сум од кармините на авон. Имам два како на сликата, црвен и розев. Ми се допаѓа тоа што не дава чувство на сува уста, како што ми се случува со другите кармини. Напротив устата е мека и хидрирана. Боите ми се многу убави
најчесто ставам месо боја ,темно лила ама многу темно (луда сум по готик работи ) и црвен кармин .ми стојат сите бои ама ете тие три бои ми се фејв.
цело лето користев од авон месо боја нијанса , но кога се исончав и имав многу темен тен не ми одеше некако тој кармин па си користам нежни розевкаски нијанси
како сте задоволни од кармините на Гош? Ми се допадна оваа боја премногу па се мислам дали да го земам Gosh Darling 134 тој во средината
Девојки де кажете некои мат кармини кои се ефтини...и сега бидејќи е есен,сакам да си земам кафена боја на кармин,ама не темна,посветла сакам...ако знаете и некој таков препорачајте .
^ Jас сум задоволна од Мода, бројчето на карминот е 372. Цела зима си го носев Го купив за стотина денари, темна црвена боја има. Убаво е пигментиран, па нежно да ставиш на усните веќе се добива ваква нијанса како на сликата. Јас го носев во уште потемна нијанса.
Јас ги меркам долго време од голден роуз и ме интересира дали стојат долго време или само за по скали
Колку пари се кармините на Голден Роус во нивните продавници, и дали ги има за поевтини пари на друго место? И уште нешто, nude боја на кармин од Голден, кое бројче е?
Го имам овој од Орифлејм. За траење трае цел ден, ама после некое време устата ми станува сува и како да ми се лупи и поради тоа не ми се допаѓа.
^ Имаше ваков баш сега во каталогот на офрилејм,мислам дека е 110 денари на попуст,си порачав јас само малку посветол.Но мислам дека имаше и ваков
Феминки ајде предложете некој испробан кармин по пристапна цена од овие две нијанси ама да се со седефаста структура