Ваков ист кармин каде да најдам? Ни потемно ни посвелто, баш бордо. Само да не е од Авон и слично бидејќи ми треба за деновиве.
Ми треба кармин во иста нијанса како оние прастарите кармини на Голден Роуз во црна амбалажа, бројот беше 99. На сликата, нијансата е трета броено од горе кон долу. Имам мал милион беж и кафеави кармини, ниту еден не е како овој. Сакам некоја нежна неутрална nude нијанса, без примеси на кафеаво. Никако да најдам ваков, сите кои ги купив се баш кафеави и топли, сакам нешто баш вакво и секакви предлози се добредојдени.
Гош мат мислам 14 дека беше бројчето им убава бордо боја и од голден роуз мат кармините има некои вакви нијанси.
Ве молам предложете ми кармин кој ке ги хидрира усните и нема да се собира како ронки и по можност да е траен, многу барам нели
Женски хелп Ми треба некоја силна џиш црвена нијанса која ќе е трајна, по можност мат. Цена до 200-250 макс.
@Mishela си ги погледнала кармините на don juan? Не знам конкретно кој број, ама ми има останато во сеќавање дека имам забележано некоја таква нијанса. И trend it up ultra matte имаат некоја ваква нијанса, ама не паметам кој број, барав друга нијанса па не паметам кој број ме асоцира на овој од GR.
Матот Don Juan ич не ми се допаѓаат, многу се суви. Ако има некои обични би купила, не мора да е мат. Само нијансата ми е битна и да не е ептен чкарт во однос на трајноста како тој на ГР. Trend it up може, ќе разгледам. Пред скоро разгледував нивни кармини од не знам која колекција точно, но нешто слично не најдов. Ајде белким ќе најдам кармин како оној, не ми се купува пак Голден Роуз кога не трае воопшто на усните.
@Mishela не не, овие Don Juan кои ги гледав јас се кремасти, околу 120- 150 денари, во некоја аптека ги имам забележано.
Aura: 622 - That's Amore 604 - Boy Oh Boy Зависи кој ќе ти се допадне повеќе. Инаку овие се од старите течни мат Аура, не оние новите кои излегоа зимава.