Сликата е од Аура 619, но не ми се допаѓа како ми стојат на уста. Па, дали знае некој нијанса како оваа? Само покремаст да е карминот.
Rimmel The Only One Pink a Punch, минимално порозев од овој на сликата, а формулата е далеку поубава. Спојлер
GR Soft & Matte 101 го имам јас, скроз иста боја е како сликата која ја ставила @mssuniquee погоре. Во шишенцето изгледа дека е розе nude боја, ама кога ќе го ставиш на усни мава на сив подтон. Спојлер: слики од gr soft & matte 101
Каков плав - светла некоја пастелна боја или мастило плава? Со светла би можела да искомбинираш розе, кафеаво-беж, корално. Јас би одела со некоја корална или магента нијанса. А со royal blue боја на фустан многу убаво би одел црвен или бордо кармин, зависи каков сакаш повеќе. Покрај бојата на фустанот, побитно е каква шминка ќе одбереш на очите. Ако сакаш да употребиш впечатлива сенка на очите, тогаш и во двете варијанти одбери нежен кармин. Ако се нашминкаш понеутрално, тогаш слободно комбинирај со некој јак, впечатлив кармин.
И мене многу ми се допаѓа. Ми личи како да е нанесена сенка над друг кармин или можеби е од оние металик кармини.
Avon Simply Spice, ако имаш од кој да порачаш. Тоа ми текна во моментот. Го имам, исто е како на сликава
Мат кармин во стик, ама баш мат како оние на авон. Голден роуз ми се некако сјајни. Да не е повеќе од 200 денари.