Женски ај помош.. Си барам темно лилаков или бодро кармин препораки? Само да е траен и добро пигментиран
За траен би ти го предложила Gordani Gold што се од орфлејм. Спојлер А дали имаат такви бои како што бараш ти,незнам. Цената инаку им е накаде околу 400 денари.
Земав пред некое време од орифлејм ама не од оваа колекција и некако не ми се допаднаа, слаба пигментација имаа можеби оваа колекција им е подобро чим и поскапи се
Ако може да ми препорачате кармин со ваква црвена боја и да е барем добро пигментиран.. се што досега ги видов беа темно црвени а јас сакам нешто вакво.
Тенот ми е блед, имам природно руса накај смеѓа коса и кафеави очи. Долго време си ја барам совршената нијанса на црвен кармин и никако да ја најдам - или ми е претемна или пресветла. Може малку помош околу изборот? Секое искуство би ми било корисно.
Конечно најдов прекрасен мат кармин NUDE нијанса.Убав,хидратантен,убаво пигментиран. Flormar SUPERMATTE LIPSTICK број 202 Цена 199 ден во Јуник.
Јас сакам да ми предложите некој добар кармин со Nude, праска или златна нијанса, ама поефтин да биди, до кај 100 денари.
Еве ги моите две нови омилени карминчиња, ги нема на нет, па се обидов да ги сликнам, со и без блиц, барем малку да ги доловам нијансите. Првото е Флормар, мат бр. 95, многу убава nude нијанса, што малку мава на праска, ама сосем малку. Хидратантен, и долготраен, 230 ден. Вториот е на Голден Роуз, преубава бејби пинк нијанса, трае исто така долго, малку посув, ама добар, од оние во златно пакување, значи не од црните кармини. Бр. 57, околу 140 ден.
A дали некоја ги има пробано кармините на Rimmel lasting finish,посебно црвените нијанси дали се добри и колку се долготрајни,да не се бришат брзо па да останеш со две црвени линии на усните Jас сега користам црвен од долготрајните на Aвон и добар е и да пиеш и да јадеш си останува не се брише одма,ама нијансата не ми е како што треба
^ Јас користам кармини на Rimmel ги имам 4-5 различни нијанси од сите сум задоволна прилично трајни се,доволно хидратантни,а и цената им е поволна.
Доста сум задоволна од Голден Роуз Perfect Shine lipstick. Баш си ја погодив нијансата, нешто како кремово- розевкасто, неодредено. Кремаст е, не е многу сув и ми е одличен. 103 денари, цената е прифатлива
марката не ми е важна но користам црвена но потемна не онаа џиш , розева ,некоја бордо вијолетова и кремава
Јас дефинитивно им фрлив око на кармините на Риммел. Само уште да ми кажете дали има избор низ Космо на пример (чинам тие држеа нивна козметика), ме интересираат праска и nude нијансите. Од розовите тонови ми е здосадено.
Jас пак му дадов шанса на кармините Revlon Lip Butter,една нијанса ми се допадна и ја земав Oвај е сосем различен од другиот,не прави лушпи на усни,пигментиран,како да не од иста фирма,врска немам што му беше на тој Creamsicle,многу неубав беше Mоментално го имам Berry Smoоthie и бојата е многу убава,само ке кажам не стои многу долго,се чуствува повеке како балсам\лабело. Baква е бојата.... Спојлер