Фала ти што ме потсети на карминов сигурно 2 години го немав користено. Денес го ставив после толку време и се потсетив зошто ми беше омилен Само што кај мене бојата е малку порозева од таа на сликата погоре.
Јас имам прилично бледи усни, кај мене е 95% ист како од сликата. Повеќе е неутрален отколку розев, ама на рака кај што сум потемна е баш по накај розево. Многу убав кармин, како и да е. Јас си го купувам по втор пат.
Појако нешто за преку ден не сум купила, Loreal, линијата Balmain - Confidence боичка Го има во ДМ. Преубаво се прелева на усните, има корална светла боја со ситни златни низ него... преубаво.
Кога ја видов цената само замижав хаха, знам седмица имаше напред, седумстотини и нешто ден. Ама си вреди, инаку купам несоодветен малку поевтин и во канта за ѓубре заврши за кратко.