Од MAC Liptensity линијата, доста слична беше нијансата Cordovan. Не знам дали уште го има тој кармин, мислам дека некои се веќе повлечени. Само формулата е кремаста кај тие кармини, не е баш мат како тој од сликата. Друг не ми текнува, имаше еден од Аура Gothic Violet, ама едно што сликите на Гугл немаат врска со тоа како изгледа во живо, друго - стара колекција е па ништо чудно да го нема повеќе. Треба да ги прочешлаш тие течните мат од Голден Роуз или wet'n'wild, таму мислам дека е можно да има поголем избор од таа нијанса. Мене не ми се баш најомилени, па не следам што нудат во последно време.
Девојки во последно сум загреана за вакви нијанси на кармини, па предложете ми некои мат со попристапна цена?
Нели е ова премногу кафено? Блиску ваква нијанса ми треба И уште нешто. Гледам да ги избегнувам течните мат на гр бидејки ептен ми ја сушат устата и грдо изгледа. Нивна солидна замена со нормална цена?
Имаш пробано под течниот кармин на усните да нанесеш по- мрсно лабело? Јас пред секој мат кармин - било да е течен или не нанесувам лабело зошто претерано ми се суши устата поготово во зима.. @christinnn
Па вака некако е 02 од ГР, Велвет мат колекцијата. Види го тој. Кај мене е малку понеутрален ама во живо е многу сличен како на девојката од сликата.
Имам пробано и за нијанса ја подобрува ситуацијата. Сеедно после час два имам како корупки на устата и изгледа грдо. А притоа тешко се брише.
Девојки може да ми препорачате светло црвен како на сликиве кармин или моливче зашо не сум за мат ми ги суши усните?
Имаше еден таков од Риммел, името му беше 214 Firecracker. Од обичната колекција, не тие што се потпишани од Кејт Мос. Само не сум сигурна дали уште го има, ама би требало. Многу е убав, само формулата е кремаста не е мат.
Силна портокалово-црвена нијанса како Heroine на Мејбелин, ама да не е Heroine на Мејбелин? Формулата на овие кармини е ужасна. По можност во течна форма
Од Аура течните има таков, мислам дека @marama го имаше. А и јас го спомнував еднаш, многу добар кармин е. Од старите изданија, сега новиве нијанси немам ориентација како се именувани, ама мора да го има пак.