никако тестер на уста да шлапате бактерии куп, херпес... кој знае кој го испробувал и колку долго стоел тестерот. најверодостојно место на кое може да се види како ќе изгледа бојата на карминот на твојата усна е врвот од прстите (каде што ти се отпечатоците) @Justicija
Незнам, јас користам моливчиња веќе 8год. А кога купувам купувам мат течен кармин само го отворам и од око гледам дали би ми одговарала нијансата и подтонот. До сега не сум утнала
Се согласувам дека еден ист кармин стои различно на секоја уста. Со мајка ми делам кармини и една иста нијанса стои многу поразлично. Мајка ми има потемна уста, а јас побледа и како различен кармин да имаме ставено. Ама иако секој кармин стои различно, никогаш кога купувам кармин не ги пробувам тестерите на уста, баш поради ова што веќе го пишала членкава. На рака исклучиво ги пробувам тестерите, па така што ќе ми фати око тој кармин го купувам. Фала за сугестијата, баш следниот пат кога ќе купувам кармин, така ќе ги пробам тестерите. Зашто досега тестерите ги пробував на горниот дел од раката.
Барам нуд пигментиран сјај, да биде поефтин. Имам еден од S.he, али некако ми ја собира устата, иако пишува plumping.