Кај чичкото што продава козметика на Бит пазар, тезгата му е кај бугарките. Сосем случајно го здогледав, црна опаковка Мiss Rоse, со бели цветчиња на неа, бројчево е или 6 или 9 Мене за 50-че ми го даде, а толку е убав, за нијанса ми е подобар од Голден Роуз. А ако сакаш да видиш како стои, иди кај мене на фб. Многу сум убава Едит: Еве како изглеа
Јас конечно си најдов и тоа за пристапна цена на Аура два кармини .Едниот е Месо боја-Nude а другиот е црвен ама баш мене ми одговара на тенот и конечно да си ј најдам совршената црвена боја за мене.Двата ги најдов заедно одеа на акција за 260 денари што ми се видоа прилично ефтини.Не се воопшто суви,а посебно црвениот и дава доволна влажност на устата и сјај.
Е сега мора да ми помогнете, бидејќи немам искуство со кармини. До скоро користев само сјај за усни, но тетка ми ми подари еден портокалов, ARTDECO пишува на него, не знам од каде го има купено како овој од десно на сликава е и многу ми се допаѓа како ми стои. Е вака нешто стои , како на љубовта моја од десно Таман и косава од црвена ми стана портокалова ко на неа Ако користи некој портокалов, кажувајте ми бројче а ако не предложете ми фирма па ќе си барам јас соодветна нијанса, може и поскапичок да е, имам нешто мерак убав кармин да си купам
девојки читам многу сте задоволни од голден роуз кармините,јас досега не сум користела ништо од таа козметика,а баш ми треба некоја nude нијанса на кармин,дај кажете ми каде ја има оваа козметика во Cкопје
Ваква боја на кармин скорз иста и да е без светки да ми препорачате некој? и да е со прифатлива цена. Фала однапред.
^ Карминов на сликата што ја имаш постирано ти е на Rimmel London. Линијата на Кејт Мос бројче 03 - Nude. 200 денари ти е и го имаш во Шатци,ДМ,Космо..
Бојава што многу е популарна овој период.Нешто како боја на темно црвено вино Каде можам да најдам ваков кармин во Струмица?
Aaa тоа да ти имало цела продавница голден роуз козметика дури вчера приметив,се гледа дека одамна немам прошетано низ гтц јас па мислев ги има по парфимериите
Jaс сакам да си купам црвен од линијата на Kејт Mос,можеш да ми кажеш каков е дали е доволно долготраен или брзо се брише
Cacy провери си во Космо 100% ќе најдеш таква боја. Имаш избор скоро на секоја козметика. Иначе женски цените на Римел кармините (kate moss) се 200 денари максимум,и кармините им се феноменални ! Баш пример за кармин,одлична текстура,покривност,бои,цена.. За долготрајноста солидни се. Знајте си само дека кармините кои се хидрантни,сјајни не стојат долго зошто сјајот и влажноста во нив ги "лизгаат" од усните. За да ви траат подолго ставете молив за усни во иста боја,или неутрална или пак крем коректор Eве ви линк некои од нијансите : http://www.ulta.com/ulta/browse/pro...241204&productId=xlsImpprod4090119#sku2247872 Оние кои сакаат мат кармини со пристојна цена,излегоа нови мат од оваа линија на Кејт Мос. Кај нас мислам дека сеуште ги нема,веројатно ќе ги донесат.. па ќе чекаме Ги сакам сите
Повторно јас со моите досадни прашања. Епа вака сакам да прашам која боја на кармин ми одговара највеќе? Имам ептен светол тен на лицево,премногу сум бела. Совет? Фала однапред.
Eпа тоа не зависи само од тенот,во предвид се земаат и бојата на косата,бојата на очите,формата на усните итн. кај секој е различно.Eкспериментирај малку пробувај различни бои и нијанси и ќе видиш самата кои бои ти стојат кои не Jас имам светол тен,темно кафена речиси црна коса,и темно кафени очи и така полни усни и најмногу ми стои црвен кармин и светли но и некои потемни нијанси и најчесто користам црвен или некоја nude нијанса или воопшто не ставам кармин само лабело,а со други бои не си се свиѓам посебно со розева ич не ми стои мислам
најдобар на светол тен стои црвената боја,розевата,мој совет е да не гледаш многу според тенот ,најдобро според според која боја на кармин ти е убава и која одговара на облеката,јас имам потемен тен па сум слушнала црвена боја не стои на темен тен а јас скоро секој втор ден ставам црвен кармин за така да според мене која и боја да избереш нема да погрешиш..
Тенот ми е бел.Косата и природна ми е црна а и плус ја фарбам црна со црвени прамени најубаво ми одговараат кармините со боја на трула вишна,кафеава не многу темна нијанса потемно од месо боја,обожавам и розев кармин,но никако не ми стои па ако имате некој совет како да го искомбинирам со облеката и другиот вид на шминка дајте совет.