Катрис,Есенс *. Од новите на есенс има баш ваква боја, само не знам кој број беше. Разгледај ги ,сигурно ке го најдеш
This is me, неколку мислења погоре ги имаше објавено со слики види ги и јас мислам иста таква боја има
Јас да прашам сакам за кармините на karl lagerfeld со l'oreal . Каде може да ги најдам ? Гледав на asos ги има и баш беа намалени,меѓутоа стрикно за мкд не прат испорака .
Да се самоцитирам: Разочарана сум од карминот на beyu cosmetics. Толку се фалени овде и речиси им се празни штандовите ама мене ме разочараа. Бојата на карминов е преубава, хидратира, мат е ама буквално се губи после пола час и се гледа како корупки да имаш односно како да ти е сува устата. Не вреди за парите 5.45 евра на попуст и мислам дека не би се свртела кон овој штанд повторно. Ако сеуште имате препорака за таква боја на кармин пишете мислење.
Јас да споделам дека воопшто не сум задоволна од каpминиве на Maybelline matte ink, купив еден кармин негде пред НГ, нијансата одлична , меѓутоа кога ќе го нанесам и кога ќе се исуши лошо стои на устата, ако нешто јадеш (зборам за немасна храна), ќе се избрише веднаш и остануваат парченца од карминот, имам осет и дека се лупи. Пред мат кармините нанесувам лабело секогаш ама овој ни со лабело не стои убаво. Дали нијансава вака ми се погоди..
Не е до тебе, таква им е формулата изгледа. Мене ми се прекрасни, ама гледам да не ги оставам долго на усните затоа што приметив дека кога ептен ќе се исуши ми се прават грутки од самиот кармин, како струготини. Така што, на истото доаѓаме. Не е до пилинг, средени ми се усните и немам суви делови, океј ми е карминот во поглед на рок на траење, ама нешто се случува што се прават вакви грутки. Во последно време па и ретко користам течни мат кармини, како да ми пројде меракот по нив.
И јас имав исто искуство како гума се правеа...ама им најдов чаре кога веќе ги имам ги мешам со други кармини, прво ставав нормален стик кармин како да го опишам хаха па после на внатрешноста ставав од нив и ги мешкав малце. Така добиваш некоја полутрајна варијанта ама битно не се ронеа така.
Да ми предложите лила боја на кармин? Купив еден тон ензнам фали е до светлото во псрфимериите кога ке дојдам дома или е бордо или влече на розево по можност да не е прескап фала
Зависи што нијанса бараш потемна или посветла. Еве ти од ГР бр.28 А овој е од Flormar. Бројче не знам ама може да го најдеш веројатно.