Низ постари мислења видов дека карминчево на Wet n Wild (Rebel Rose нијанса) го имало во ДМ. Дали некоја го има видено во скоро време?
Јас двата ги имам, многу е потемен 16-ката од 01 и не изгледа како 16-ката на сликата. Во секој случај може да изгледа поинаку на усни и зависи до подтон на кожата, најдобро е да пробаш лично.
Девојки сте ги пробале ли Loreal Brilliant Signature кармините? Како сте задоволни? Сакам да купам течен, сјаен кармин, па прифаќам и други предлози ако имате.
Вакво карминче што нити е црвено, нити е розе, нити виолетово, неодредена ми е нијансата, многу е природана за дневна шминка, а добро би изгледало и навечер. Заљубена сум во нијансава. Барам некое со прикладна цена 200-300 денари. Нешто како dusty rose нијанса.
Оваа боја на кармин ми изгледа баш на совршено црвена боја. Имате искуство со овој кармин, или воопшто оваа серија кармини? Дали можеби имате некој друг предлог за убав црвен кармин, ептен ми треба за една пригода во скоро време
Преубави, претрајни кармини, најубав од сите што ги имам. Имам ист само друга нијанса. Зимај, нема да згрешиш.