Дефинитивно нема да згрешиш. Ја имам кафеавата нијанса и сум презадоволна, планирам да си купам и друга некоја. И четката многу ми се допаѓа лесна е за нанесување, многу е траен и не ја суши устата.
Мислам дека околу 470 ден. го зедов во ДМ, еве имаат погоре пишано дека е на попуст, ќе проверам во Космо деновиве ако одам натаму.
Огромно разочарување од Мејбилајн карминот. Го купив течниот, во нијанса 20ка. Четкичката за нанесување е топ, бојата исто преубава. Го оставив некои 5 минути а може и повеќе на уста без да мрднам, мислев дека е сув, ги допрев усните и што да видам. Цела боја ми ја снема од долната усна. После пак ставив, бев вечерта во ресторан и при јадење исто пола кармин го снема. Па со есенс кармините не сум имала ваков проблем. Не знам дали и вас ви е вака или мене некој малер ме прати .
Јас го имам ама немам таков проблем...да не ставаш нешто пред нанесување па не се впива убаво...јас имам повеќе нијанси и ниту еден кармин не ми направил ваков проблем....или пак нешто со самиот кармин да е фабрички лош...
Имав ставено лабело за да ми омекне устата ми стоеше едно пола саат дур шминкав останатиот дел од лицето, па пред да го нанесам карминов го избришав. Ќе пробам следен пат на скроз сува уста, не знам..
И јас го купив, нијанса 10. Преубава, нежна нијанса, ама текстурата на карминот ми е некако леплива. Не знам, двапати го употребив, долготраен е, ама некако ми има “sticky” финиш. И да, дури и со масло тешко се вади...
Овие кармини на Мејбилин мене воопшто не ми се допаднаа, не се трајни и при нанесувањето лепливи , не се сушат на уста, постојано имав чувство дека ми се лепи устата. Среќа што не купив оддеднаш неколку нијанси.
Среќа што пиша имав намера да купам од нив. Јас имам на nyx тие мат што се од лани и уште ми траат. Поубави амин.
Не ми е, земав и јас сега кога пиша за попустот уште 3, сите ги испробав, едвај ги вадам, дури и сабајлето после искачање вечерта траги црвени ми се останати по уста што ме нервира дури, никако да го доизвадам. Ама на сува уста директ ставам, да не е до лабелото нешто можда, пробај и така...
Или до лабелото или расипан кармин. Ставајте макс два но мн тенки слоеви, првиот слој само на долна усте и размачкан со горната, и вториот исто така. Лепливоста ќе се намали а долготрајноста се зголемува. Мене ми се подизвадува ако јадам мрсно, што е случај со сите
Истото мислење го делам. И јас ги купив по препораки од форумот.Само што ставив на внатрешниот дел од устата немав кармин, на сува уста без лабело.Јас сум во странство што значи треба да е со добар квалитет и дефинитивно не беше расипан.Купив 2 нијанси кои нема да ги користам.