Предлог за мат кармин во некоја nude, неутрална нијанса, помеѓу крем/ светло розево/кафено. Цената не е важна, важно ми е само да е релативно траен.
За неутрални мене Rebel Roseод Wet'n'Wild најдобар ми е Мејблајн и мене ми се најтрајни, ништо не ги вади и убаво ми покриваат. Ама устата мора да е сува, никакво лабело. Само немаат неутрални нијанси.
@DAngel под неутрално подразбирам некоја мешана светла нијанса, може и на кафеаво да оди малку, но сепак да не се познава многу карминот, скоро воопшто. Може и моливче во таа нијанса да ми препорачаш. Инаку Rebel Rose добро изгледа и да не е најтраен може да му дадам шанса.
Епа мене таков ми е во живо, се гледа затемнување и розевкасто, ама не е нешто ептен воочлив. Јас за секој ден го обожавам. И да се избрише не се ни познава дека се избришал. Секој кармин на секоја кожа различно стои и изгледа, додека не пробаш..
Да, такво нешто барам отприлика, може и нешто малку поблиску до кафеаво. Треба да се види и да се проба во живо, сепак
Essence this is me, нијанса bold. Има мат, кремаст финиш, не знам како да објаснам, но е многу пријатен и ми трае доста подолго од ГР мат кармините.
Au naturale, Marvelous Mocha од Авон се барај ги, не се скапи, трајни се и башка им даваат хидратација на усните.
Catrice, мат нијанса, број: 100. За оние кои сакаат по темен кармин. Го препорачувам, многу ми одговара со крем моливче за уста.
Барам некој кармин во необична плава боја. Нешто уникатно. Одамна барам таков. Препораки и да е од бренд достапен во Македонија?