праска боја сакам ,ама не можам да најдам баш убава праска боја па ако некој видел некаде нека пише марка бројче хелп
Прв пат купив кармин на Essence ми се допадна многу бојата 44 Almost Famous иако делува многу црвено но кога ќе се стави на уста не е толку интензивен делува нешто како црвено розева нијанса.
А каква боја на кармин би одговарал на црна коса, со син отсјај, и не толку светол тен, онака умерен, како за кафеави очи ?
Се запнав за некоја ваква нијанса и не можам никаде да најдам. Најдов еден ќе ставам подоле сликичка ама не ми се допаѓа многу, а и не е баш ваков. Ако имате предлог бројче и фирма ве молам Еве каков сакам: Еве најприближно што најдов:
Провери во тековниот каталог на Авон.Мислам дека би нашла нешто вакво на 86-87 страна или на 118 страна.Провери си.
Знам дека е купен од Диор , а бројчето видов дека му е - Pink Brandy 825 . Не знам која цена е затоа што го добив како поклон и не прашав
Имам полна уста и секогаш користам кармин во јака боја. Црвен, бордо, темно лилјаков, темно кафен и вино боја, тоа се тие нијанси што најчесто си ги носам, некогаш имам испад со некој потемно розев или циклама во лето. Кармините мора да се мат, несакам седефасти, имам само еден што е исклучок. Ми одговараат на тенот. Неможам да се замислам со светол кармин, некој ко кожа боја или некој светло розев, многу грдо ми стојат. Ако немам ставено кармин тогаш имам само лабелео или некое карминче што е во многу неутрална боја што не се ни приметува дека е кармин, ко оние на Есенс. Најзадоволна сум од кармините на Мејбилин поточно од овој црвениов нијансата е 547, другите ми се светкави Гош имаат убави кармини само се тапа со нијансите, а исто сум задоволна и од кармините на Севнтин, сега имаат и некои нови ги видов, мат кармини само 5-6 нијанси има од кои еден ми се допадна само некоја темно лилјакова нијанса, околу 300 ден. е неможам слика да најдам во црна опаковка се. Имаше мислам црвен, светло розев, месо боја, лилјаков и некоја темно кафена боја.
Да прашам нешто - знае некоја што бројче е тоа првото карминче од лево, од сликата со Есенс кармините која ја поставила Мимс. Ете оваа слика. Спојлер Многу сакам таква некоја нијанса, ама да не биде апла кармин, зашто не ми стои. Овие на Есенс ми се совршени, затоа што не се толку, како да кажам, „тврди“ како обичните кармини и оставаат друг, поблаг ефект на усните, а моментално и нешто такво ми треба.
Леле, зошто сум толкав малер и сѐ што ќе ми се допадне од фирмава, или е лимитирано издание кое патем одамна се потрошило, или вака од колекција пред повлекување. Е ќе си приумрам значи. Ајде, ќе проверам јас деновиве, па ќе пишам овде рапорт. Така беше и со сенката - на крај зедов друга, ама барем задоволна сум, супер е. Се надевам барем дека ова ќе го има и дека нема да излезам со друг кармин, „сличен“ на овој.
Обожавам нежно розеви кармини и светло кафени. Црвен не сум ставила никогаш, неможам да си се замислам, некако не ми стои