Од Авон имав нешто слично, некоја нијанса coral беше, провери баш. Може и на ГР да имаат нешто слично.
Тој на wet n wild го имам и е многи јака и интензивна боја и портокалова. Ова на мак ми личи понеутрално. @violetblue имав јас лабело на росал со ваква пигментација но го потрошив и не сум проверила дали го има уште по маркетиве.
Ова лево корал што е. На сликава личи црвено,ама баш таква нијанса е како карминот. Освен ако не смениле зошто јас пред 1 година го имав
Кармин кој нема да ми се избрише цела вечер? Deborah fluid velvet matte можда? Може да биде и како класичен, не мора течен.
Потврдувам за трајноста на Maybelline течните кармини. Феноменални се, едвај и со средство за вадење шминка ги бришам.
Јас немам проблем од нив, омилени ми се, инаку и мене ми се суши од кармини доста устата. Но, добро лабело нанесувам 20-30мин пред да нанесам од карминиве и до сега сум немала проблем со сува уста од нив, барем лично јас.
Да од дм ги имам купено, на попуст беа кога ги земав затоа точно цена не им знам, редовна цена се мислам некаде 400-500ден дека им е ама не сум сигурна, може и повеќе да се.
Ги има, мислам дека 475 денари се. Беа во октомври на попуст и беа разграбани, не може човек на ред да дојде. И јас ги меркам одамна, ама кога беше попустот не можев да најдам ниедна од нијансите што ги сакав. Сега ги има скоро сите нијанси, ама по редовна цена.
Мене воопшто не ми се допаѓаат овие мат кармини на Maybelline. Дали е до самите бои не знам, имам 2-3 различни нијанси на црвено и сите до една ми се исти. Од светлите не сум купила, по искуството со темниве, некако ги баталив. Пример, Pioneer класичната црвена - се фиксира и толку, невозможно е да го поправиш карминот по некое време без да изгледа лошо. А секако изгледа лошо и имам потреба да го поправам. Многу се лепат усните, башка самата формула му е таква леплива и кога зборувам или кога ќе се насмеам се прават бразди во самиот кармин и не ми се допаѓа како изгледа. Вадењето и не е толку голем проблем, со кокосово масло се брише за неколку секунди. Soft & Matte течните на Golden Rose ми се најпријатни за носење од овие течните кармини. Доволно се кремасти за убаво да се разнесе карминот насекаде подеднакво и ниту ми се разлева, ништо. И не ми ја затегаат устата, многу ми смета кога осеќам дека имам кармин и ептен избегнувам хардкор мат кармини зашто очигледно не ми одговараат.
И мене не ми се допаѓаа воопшто овие мат кармини на Мејбилин. Ептен ми ја сушеа устата го чувствував ептен на усните. И вопшто не ми беше траен.