Денес земав баш слично нешто како што бараше, 70ка бројче - amazonian. Ваков е. Може си купила веќе и си нашла, но ми текна баш на тебе.
Па слично, само малку посветол би сакала. Но, купив на Аура, Драма Квин, но го промашив на портокалово иде не е баш месо. А, на мејбилајн во ДМ ги немаше сите нијанси само розеви драч имаше.
Не знам дали е за тука прашањето но не знаев каде да го поставам. Дали има проблем ако се користи кармин, мат сијај или молив за уста со поминат рок?
Мене ми имаат кажано да не ставам ништо од козметика на кожа со поминат рок бидејќи можеле да ми излезат акни. Што е сигурно сигурно е, подобро не користи.
Колку е поминат рокот? Дали е сменета формулата, дали има чуден, непријатен мирис? Јас користам се додека нема непријатен мирис и не е сменета формулата.
На еден му поминува за 2 месеци а на неколку други не знам не им пишува ги имам 2 години но заради маските не се користени а се исти како што беа кога ги купив ист мирис исто им е се.
И ја користам кармини додека мирисаат убаво и структурата им е океј... Фрлам пудри само со поминати рокови одма од шминка.
Од кармини обожавам месо боја или светло розево... Црвен неможам да смислам, зошто ни сама незнам, еднаш ставив како да не бев јас Генерално ги користам кармините на Catrice и Yves Rocher.
Не обожавам светло розови или кафени бои, исто и портокалови. Најчесто користам една до две нијанси потемни од устата.
Може да ми препорачате некој кармин мат, може да е и течен, траен и да не ја суши устата? Пример за овие што мислите?
Јас користам на Тренд ит ап и сум многу задоволна. Немав големи очекувања али супер се. Првата нијанса им е нуд и супер за секој ден.
На некои ни се преубави, на некои не, поделени мислења има за карминиве. Јас само овие ги користам претежно, одлични ми се.