Секој мат долготраен кармин ја суши устата. Добар пилинг пред карминот и нема да имаш проблем. Овие не сум ги пробала ама моја препорака се течните кармини на Есенс или на Бел течните кармини од линијата Марселина.
@Ivanna23. И од мене едно големо не не се сушат како што треба. Убави течни кармини имаат Bourjois и Catrice , јас тие би ти ги препорачала
Трајни се ама некако тешки и суви на устата, не вредат за парите. Инаку убави мат течни кармини имаат Фармаси, ако имате од кого нарачајте си, особено тие VFX Pro, цел ден стојат и лесно се осеќаат на устата, и еве мене воопшто не ми ја сушат. Јас подобар течен мат кармин не сум користела, и за цената се супер, ги нарачувам кога се на попуст.
Првите се VFX pro, другата слика се исто од нив мат течни кармини, иако мене повеќе ми се допаѓаат VFX. (слика од кармините на мене немам) Спојлер: Слики црвениот е обичен, розeвиот VFX
Овој кармин би ти го препорачала, а моливче за уста немам од таму, некоја друга членка можеби би знаела.
Сакам да купам потемен nude кармин, за секој ден, може и нешто розевко- mauve. Гледав од NYX, KIKO или MAC, од кои сте позадоволни?
Сакаш течен или обичен кармин? Од течните на mac cafe au chic, burnt spice ѕирни ги, а од обичните velvet teddy, faux, spirit. И nyx се супер, а Кико немам пробано
Подобро обичен. Ти благодарам за предлозите! Spirit ми се допаѓа Како си задоволна од трајноста? Дали се лесни на усните? И NYX имаат преубави нијанси, а и се поевтини. Ги немам пробано ни тие ни тие па се двоумам.
Да бидам искрена, мене обичните секако побрзо ми се вадат од течните , за било која марка да станува збор. Кога сме кај Мак, ретро мат линијата од обичните и течните ми се најтрајни, течните се чувствуваат на усни, обичните не. Oд ретро мат линијата (од обичните кармини) ѕирни го bronx. Лично ја немам нијансата, ама инам други нијанси од истата линија. Горе тие што ти ги пишав се од мат линијата , ама не се трајни толку ко овие. Пред нивна употреба обавезно да си направиш пилинг на усните и хидратација На Nyx имам пробано од течните кармини ама не ми се сушеа како што треба. Други предлог, од кои сум мн задоволна се на Есенс, не се чувствуваат на усните и не се копираат на маска (и тие на Мак ретро матот не спомнав дека не се копираат) се овие