@buba4e89 срц, можеш ли да ми предложиш некој жар црвен кармин што го има во ДМ ама стварно да издржи цел ден. Пушач сум и све што сум пробала ( обично од Авон земам дека не се црвам многу) сите ми се бришат за саат два.
Пробајте некој од овие, јас го имам 04, зш немаше друг. Многу е убав И имаше еден мислам од Србија го увезуваа 129 бројче, ама не ми текнува фирмата, беше поефтин од Есенс, ама иста текстура и трајност.
Која цена се? Во последно време користам вакви кармини и би ги пробала овие. Исто и на Есенс колаген кармините се преубави.
Трајни се стварно? Се што не ми е мат мене многу со слаба трајност ми се има покажано. Затоа 90% од времето носам мат кармини без разлика класични или течни. Некогаш и сакам да сменам, но ме разочаруваат што одма се бришат овие обичните кармини и секад сум ко не купувам више вакви.
Мислам дека околу 250 ден, ама не сум сигурна, лани го земав и имам уште во комбинација со молив за усни на Дејвис (Davis) мн се трајни
Тие моливчиња кај ги наоѓаш? Имав еднаш едно, стварно беа убави, потрајни и од кармини се. Значи тие се трајни, карминиве самостојно не толку...
Во Скопје од на БитПазар ги земав, од кај една убава жена имаше тезга за шминки, кога влегуваш на влез од кај Зегин-Мавровка, после долен веш кај шо продаваа. Ако си од Охрид ги земам од парфимерија Нарцис, долу во амамот. Кармин ко кармин, еднаш вода да се напиеш ќе ти обледи, ама со моливчево закон се
Го купив по твоја препорака и стварно е преубав! Два пати само го нанесов во 8 саати и не мрдна! Можеби и моливчето допринесе, но во секој случај преубав. Воопшто не ја суши устата како некои други. Штета што и најсветлата боја не е многу светла, инаку ќе си купев повеќе.