Сјаевите на she се многу лоши, многу се лепливи и воопшто немаше убаво чувство, а за парите воопшто не вредат , околу 200 ден се, а мат кармините се океј и трајни се. На essence се многу убави сјаевите и мат кармините. Ќе си пробаш тестери моливче и мат кармин , или со сјај и така најдобро ќе ја имаш истата нијанса како на слика. @MayDiamonds
Јас подолго време го користам сјајот од She затоа и го препорачав. Јас сум задоволна од сјајот, мене ми е баш погоден.
Женски да не сте го сретнале некаде по Скопјево на Римел карминчето Airy Fairy 070? Не можам да го начекам никаде. Или евентуално предложете друга марка со иста нијанса, ефект. Фала.
Нешто најслично што имам најдено беше Голден роуз 98 или 99 број, од тие во црно пакување, класичните.
Чим ги има и кај нас да не ги користел некој веќе? Вака убаво личат и нијанси гледам убави има, сакам да ги пробам.
Да. Имам неколку. Сите ми се допаѓаат освен првата колекција на Lingerie. Се надевам до сега ја смениле формулата.
Јас ги гледав оние течни мат што се именувани по градови. Ќе идам до александар козметикс да проверам